Одговор на колумната на Бетмен Велит за моето претепување со метални шипки

24.05.2015 14:41
Одговор на колумната на Бетмен Велит за моето претепување со метални шипки

Бетмен Велит напишал колумна во која веднаш го брани режимот: сигурен бил дека режимот не е нарачател на моето претепување. Тоа што беше претепан и Саша Богданович, исто со шипки, тоа што беа запалени колите на Сашо Ордановски (кој за тоа не објавил, туку мене ми кажа на кафе муабет), тоа што беше запален џипот на Бранко Тричковски, тоа што на снимките слушнавме како Грујо договарал шамарање на Андреј Жерновски, тоа што Мартин Протуѓер договарал поход во Охрид со бараби и битанги (со знаење на Гоца), тоа што Иво и Гоца и Ставре признаваат дека напаѓачите на бараката на општина Центар се нарачка на Груевски, тоа што јас деновиве му поставував храбри прашања и нему и на неговите пулени медиумски и полтронски (што донесе над 200.000 кликови на Јутуб), сето тоа не е доволно за мозочето на Бетмен да заклучи дека ова е сепак нарачка на Груевски и неговите! НЕЕЕ! И после сето тоа, Бетмен верува во ликот и делото на фирерот! Тој ќе верува во него, по сè изгледа, до самото самоубивање во бункерот на владината зграда! Бетмен можеби потоа ќе се крие во некоја шума и ќе одбива со години да се помири со фактот дека ГРУЈО Е ГОТОВ И ВЕЌЕ ГО НЕМА!

Но ајде да одиме по ред бидејќи во фб колумната на Бетмен Велит има и лаги и спинови, и кретенски заклучоци!

Значи, Бетмен пишува:

Да се договориме нешто: Саше е цреп, нападнат или ненападнат. Ама нема таков цреп кој заслужува улична правда која не дај боже може да заврши многу понеубаво. Јас сум многу мнооогу против тие кои дигнале рака (или шипка, според сведочење на повредениот) на таа дебела тврда непробојна кратовска глава. НЕ ЗА НАСИЛСТВО према никого. Не за насилство према новинарите, не за насилство према оние кои се осеќаат ко такви. Ако ви се огрешил, тужете го крај краева.

Глејте сега што прави овде Бетмен. У старт рга со суд за мене, а никаде не го поткрепува со аргумент. Тоа го прави за да му биде поубедлива колумната во која ќе се обиде да протне многу манипулации за одбрана на режимот, од нему познати причини и побуди. Зошто сум јас цреп? Тоа што сум се излетал неколку пати со избрзани колумни? Јас со својот настап можеби сум вулгарен и дрзок и гласен и нерафиниран, но за цреп се смета некој кој е тотално глуп и изгубен. Бомбите на Заев го потврдија баш спротивното: дека и јас и сите како мене што како луди кревавме џева сите овие години (некои порано, јас малку подоцна од другите), дека сме биле токму на правата патека. А баш фаците како Бетмен и Трендо за сето тоа време биле пријатели со Иво и седеле на иста маса додека Иво со Гоца правел од МВР - МВРО и редици други злобни криминали и мангупарии. Не, Бетмен, не сум јас цреп, туку вие сте црепови, пред сè зашто не сте го насетиле сето ова што сега ни се открива пред очи. Можеби токму и поради тоа, поради тој ваш багаж, вие сега (и откако знаете и слушнавте со кого си имаме работа) упорно дури и денес одработувате за режимот! Дури и денес кога сите знаат со кого си имаме работа, вие си одработувате, можеби за да си ја спасите честа, онаа лажна и вештачка чест!? Бидејќи ако падне режимот и се откријат уште илјадници други многу потешки криминали - вие ќе испаднете не црепови туку најголеми копилиња во земјава!

И зошто алудираш дека напаѓачите можеби не биле со шипки? Зарем со раце може да се направат такви дупки на главата, за кои имам снимен доказ? Да не се сликав вие ќе тврдевте дека сум измислил. Ти, Бетмене, уште радо би им верувал на Иво и Горде, т.е. на МВР-ВМРО, и покрај тоа што два дена го криеја убиството на Мартин Нешковски? И после сите бомби, ти пак мене не ми веруваш, па го ставаш тоа под знак прашалник?!

Јас можеби не сум бил новинар? Така ли? А кој е новинар? Од Сител, МТВ, твојот Телеграф (каде што си колумнист) од кој отказ си даде уредничката поради претерување на куртонството?! Или има новинари во Канал 5, Алфа, Курир, Вечер, МИА, Нова Македонија итн. - таму ли се новинарите?! Ако сум гласен, дрзок и вулгарен не значи дека не сум новинар! Тоа значи дека сум поинаков вид на новинар! Но новинар сум! И имам доказ за тоа - ЈАДЕВ ЌОТЕК! Знаеш ли кој новинар нема јадено ќотек никад? Латас, на пример. Знаеш зошто? Бидејќи одработува за секоја влада, затоа! (мада, да не грешам душа, тука се наоѓаат многумина).

Главата ми била непробојна? Значи требаше да биде кршлива, да ми напукне некоја коска и сега да бидам парализан или мртов? Не те разбирам, тоа ли ти е поентата?

Нота бене: ниту сум го тужел, ниту планирам да го тужам. Мојот модус е блок/игнор секогаш кога е можно, реакција од време на време чисто како потсетување дека знае да е морон од галактички размери и - „Живеј! шо би рекле братјата“. Али ако стварно се осеќате повредени и погодени, ене суд. Не шипка по глава. Посебно што таа глава со череп од 1 сантим дебелина ништо не ја боли.

Не е точно дека не ме боли. Уплашен сум до смрт, не се срамам да признаам, човечки е, и многу ме болат повредите. Но, имам срце и муда и не се откажувам, Бетмене, за разлика од тебе и Трендо што и после сите бомби пак седите на маса со Иво и Илче! Сркајте си ја вие чорбата, народот тоа го гледа, се надевам дека имате мирна совест со тоа што учествувате, преку нереагирањето, во помагањето на еден режим кој се заканувал со ендеци, рушел згради со динамит поради одмазда и заплашување, вршел политички терор со бркање од работа, криел убиства, крадел милиони евра, менувал дупови и гупови за парцели, трошел за лимузини по 600.000 евра додека умираат деца на некои си таму гревчиња и човечиња небитни... Вие сте себични, Бетмен, зашто за ваша лагодност и сигурност тргувате со сигурноста и лагодноста на сите нас! Вие нас нè предадовте! Нè продадовте! Вашата света задача како јавни фаци и интелектуалци е да ги браните јавноста и народот од измамите на забеганата криминална власт! Зарем ништо не научивте од дружењето со Борис Дежуловиќ и Теофил Панчиќ? Па магариња да бевте ќе преземавте малце од нивната храброст, величина и карактер!

Упатувам и еден бесполезен апел до тебе Саше, да ја користиш главата и за друго освен за примање удари. После смирувањето на потресот на мозок кој верувам дека го имаш, ќе сфатиш шо си напишал околу барањето дозвола да носиш пиштол (!) и покажувањето спремност да го употребиш (!) против „мајмуните кои тргнале на тебе“. Жал ми е што ти се случи, ама не биди кретен.

Ова не си го сфатил како што треба. Твојот „супериорен“ мозок трокирал од омраза кон мене, па не прочитал добро. Реков: ако пак ме нападнат, ќе ги убијам. Не реков дека ќе ги барам низ град за да ги убијам. Но оставам можност и лошо да сум се изразил, еве да ти дадам еден бонус.

Не си последната потпорна греда на Отпорот и златниот камен на слободата. Не си нападнатата демократија во државата. Не пумпај се дека државниот врв заседавал и одлучил твоја елиминација. Како што ти знаеш да си деген, како што некој истото го мисли за мене, така има и други со сопствени психолошки проблеми во поимањето на правата, слободите и демократијата. Денес си ти, утре можам да сум јас. Вчера бил некој друг.

Беше ти тепан, Бетмене. На плоштад, за црквата, ама тепачите ги ослободија. Не знам што во меѓувреме се случи со тебе. Зошто премина на страната на твоите џелати. Крена раце, смени страна или пак беше залутан а сега добро пливаш во режимскиот базен со убав поглед озгора?! Можеби пак не сакаш да бидеш тепан? Може те скршиле, таа ти била точката на топење.

Но, јас сум дел од оние кои се на браникот. Не можеш да ми го одземеш тоа. Ти не сакаш да бидеш на браникот. Дојди, поканет си, Влатко Васиљ те покани, но ти остана на асталот со џелатите, заедно со Трендо да се зезате со Иво и да праќате смс пораки. Бај д веј, Иво во последната снимка рече дека не е лошо некој новинар да биде избумбарен во Гостивар, тоа добро ќе му дошло на ДПМНЕ. Вие за ова - МУКЛА. Нема колумни со поддршка за Трендо и Иво колку биле вицкасти на маса. Добро баратале со гитарата и одлични вицови знаеле за Мујо и Хасо.

Знаеш што, Бетмен, биди си пичка, ама немој бре да ми го земаш орденот кој сум си го добил поштено, на фронтот, со крварење! Јас гладувам веќе со години откако добив отказ од Наша ТВ зашто одбив да бидам куртон, јас јадам шпагети со години, јас тонам во долгови, јас се срамам со стара облека, јас се молам за пари за пелени за моето бебе кај моите роднини, јас знам како ми е... Но, јас бев и оној кој настапи во собрание со говор прегледан 100.000 пати, јас го поставив прашањето на Грујо прегледано 60.000 пати, јас сум на суд со Латас и Ивона секоја недела по два пати во нивното судство и губам и време и нерви и пари, кои ги немам па се задолжувам уште повеќе за адвокати, за да се одбранам токму за правото да им кажам на Ивона и на Латас дека се куртони и курви режимски... Ти тоа право го искористи ли, Бетменчо?! Од снимките се слушна дека Ивона ќарила милион евра од владата, ти за тоа напиша ли колумна на Офф Нет и Телеграф? Земај си пари од Камчев и Трендо, биди си курва, Бетменчо, ама не ми чепкај во ордените кои сум ги заработил со крв и моја и на моите најмили кои поради мојата одлика да бида жесток со владата плаќаат цена на немаштија и живот во стрес!

Без херојски најави дека од денес ќе си Саше Панишерлитико и сам ќе ја преземеш правдината во свои раце, неможејќи повеќе да се потпреш на институциите на системот. Без „кутриот јас“ став и себесожалувачки, себепромовирачки херојски наслови на сопствениот портал типа „ме нападнаа, се плашев за животот но се борев како лав“. Биди лав кога ја браниш фамилијата и твојата чест, ама смири се и остави ги „плавците“ да си ја бркаат работата за која се платени.

Плавците ги видовме колку се добри во својата работа. Напаѓачите на ЛГБТ клубот сеуште не се најдени иако ги има на камери со светло, напаѓачите на општина Центар не се најдени иако ги виде цела земја и пола свет... Редиците други напаѓачи ги нема да одговараат. Па и твоите тепачи на плоштадот, за црквата. И да, навистина се борев како лав. Се надевам дека никогаш нема да бидеш нападнат во темница од двајца батки со шипки кои се дојдени да ти ги скршат коските, да ти нанесат повреди на главата, да ти ги скршат забите и вилицата, да ти ги повредат очите и внатрешните органи. Од тоа се умира. Се бранев како лав, цела зграда ме гледаше и тоа што сум со релативно мали повреди значи дека пружив жестока борба со ташна со раце со дерење со трчање со скокање. Успеав да ги дефокусирам и збунам напаѓачите и повредите ми се релативно мали: конци на главата, модрици по грбот и рацете и истегнати лигаменти на двете нозе кои прват одвај да одам зашто скокав и трчав како луд!

Жал ми е за тоа што ти се случило и го осудувам... ама покажи поголемо достоинство кон себеси, ако сметаш дека си лав.

Не ти е жал, Бетмен. И не го осудуваш. Ти всушност во целата колумна ме напаѓаш, играш на картата „си го бараше“, ја браниш владата дека не е таа нарачателот. Сигурен ли си пази? Кој ти кажа, Илче? И ти му веруваш?

Имам јас достоинство, сум го докажал тоа, но имаш ли ти? Кога ќе побараш оставка од Груевски? Онака апла храбро и јако? Зошто дојде на 17-ти пред влада а не стави фотка од тоа на фб? Се срамиш, се плашиш? Зарем присуство на најголемиот митинг против режимот не е за пофалба пред твоите фанови? Што треба, Бетмене, да направи Груевски за ти да побараш оставка од него? Еве и името не го бранел. Крадел. Многу крадел. Плацеви си купувал од 15 милиони евра. Лажел. Се одмаздувал. Злоупотребувал моќ. Вршел диктатура и цензура. Се луксузирал. Забегал. Пратениците ги претворил во пиони со бланко оставки. Се дрзнал да шамара и градоначалник! Гасел лифтови. Гласале и мртви. Се заканувале и на приватни фирми и на странски инвеститори. Знаел за рекетирање во Струмица и Куманово. Што треба да направи Грујо за ти да се охрабриш, Бетмене, и да напишеш на фб и во своите колумни дека Грујо мора да замине?!

Ајде, добро здравје.

Имај и ти добро здравје. Пречкањето и жестоката дебата се една работа. Секогаш кога ќе се видиме сепак се поздравувам со тебе човечки. Кога почина татко ти, испратив искрено сочувство и го мислев тоа. Сега кога бев нападнат и преплашен до смрт, жена ми тоа го гледаше и трчаше надолу по скалите и не знаеше дали ќе ме најде мртов пред зграда, цела фамилија се тресе, бебето е мало и само се смее, појма нема што се случува, требаше, Бетмене, да покажеш многу повеќе сочувство, и да го осудиш ова, ама и да ја пратиш осудата на правото место, онаму каде што знаеш дека припаѓа, а тоа е забеганиот режим.

Сево твое срање нека ти служи на чест, Бетмене, зашто ти веќе одамна не си неутрален, Гацов е во право, ти си сега длабоко во гомната заедно со Латас, Јанко и Миленко!

Слики: Александар Јосифовски
Извор: Мактел