Венко Андоновски (alias „Цицката на Тамара“) пред умоболниот хор во „Александар Палас“!

26.05.2015 11:03
Венко Андоновски (alias „Цицката на Тамара“) пред умоболниот хор во „Александар Палас“!

Не би сакал да го вознесувам мојот пријател Ерол Ризаов, но тој е како Ник Кејв кој на промоцијата на својот албум ја викнал Тамара Тодевска како главен говорител и исполнител. Или Благица Павловска.

Венко Андоновски е Благица!

Или Тамара!

Цицката на Тамара!

Како Есма Реџепова да ме промовира мене!

„Венго фантажија“ пееше Оливер без да знае дека венгото ќу му биде слика на македонска ситуација. Многу заебана, додуша, ама ситуација која ниту една далматинска фантазија не би можела да ја измисли!

Се шокирав кога го видов пред промоцијата на книгите на Ерол!

А кога излезе да збори, ќе паднев од столчето да не беа некои пријатели да ме задржат! Не би сакал да навредувам, но ни да молчам: Амир Ата на молитвен појадок кај Обама!

Втората работа е тој огромен бран што ги носи нашите ајкули и нас како андоновистички ајкули, всушност, планктони и медузи: тие, односно ние, се, односно сме, горе, па доле, па во песокта на брегот, па пак во водата!
Две третини од присутните на промоцијата на книгите на Ризаов можат да постојат само при апсолутно отсуство на свест, совест и морал! Хомоиди кои немаат никаков проблем да изградат спомен дом на баба ѝ на етереза од главите на децата што пресно ги колат пред нивните очи. Или бродски лимови од луѓе, фамилии, бизниси, култури. Или џез фестивали од смрт. Или вино од крв, од вистинска ми крв. Или онаа дебела битанга за која некои ми велат дека била претседател на МАНУ!

Не можам во овој момент да се сетам на сета стока што беше во „Александар палас“!

На сите слонови на чиј грб дојава Груевски и ја исчисти шумата!

На сите што немаат никакви проблеми да бидат и во колежот и во крематориумот и во слободата, да се тушираат во кабините на Аушвиц и да пеат на Новогодишниот концерт во Виена!

Всушност, тие со слободни!

Слободни се од сè!

Дури и од најтешкиот затвор на разумот!

Се разочарав зашто видов дека во Македонија може да се смени власта, но не може да се смени Македонија. Видов дека Македонија си ја носи својата смрт со себе, дека и кога ќе умре ќе продолжи да се труди да се убие!

Таа ги менува формите на својата смрт: кога некои мислат дека се обидува да се спаси, таа ужива во умирањето.

Тие се во право: умирањето и е форма на спасот.

Така таа се доживува себе!

Односно умира!

Не е тешко да бидеш гомно!

Тешко е да смрдиш неподносливо!

Андоновски го промовираше авторот што претходно го беше убил. Не знам што му беше на убиениот да го покани убиецот да го промовира! Всушност, знам, но тоа е тема за некоја друга прилика...

А хорот, умоболниот хор, натрескан со пари, јахти и мали умоболници на студии во разните цириси и женеви, правеше убав, многу сладок, симпатичен фон!
Стока!

Извадок од колумна објавена во „Слободен печат“

Слики: Свирачиња