Песна за Алфред Хичкок и Ана Вилкинсон

26.05.2015 13:16

Флиф флиф флиф флиф мошне брзо
така ги слушаме птиците
што летаат над нас.
Поетот би рекол „потпавкувајќи“,
или
„лелеејќи се, со сонце врз крилјата“.
Но сето тоа е
само флиф флиф флиф флиф мошне брзо.

Оригиналната песна

Препев: П.В.

Мајкл Андачи (Michael Ondaatje, 1943), канадски поет и писател, роден на Цејлон (Шри Ланка), ги минал тинејџерските години во Англија, студирал во Торонто, каде што предавал книжевност во колеџ. Се занимавал и со фармерство крај Кингстон, како и со уметничка фотографија. Во неговите песни, виолентноста и сочувствителноста постајано се во некаков вид на борбена рамнотежа, отворена за сложени и разновидни читачки можности. По повод сопствените песни Андачи вели: „И најмалата нијанса, и најмалата слика, може сè да промени“. Најпознат е по романот „Англискиот пациент“ (1992), според кој во 1996 г. е снимен истоимениот филм окитен со повеќе оскари.

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото