Никола Груевски: Готов сум? Не, готов сум на сè!

28.05.2015 14:14
Никола Груевски: Готов сум? Не, готов сум на сè!

Готов сум?
Не, готов сум на сè!
Ништо нема на готово.

***

На Кукловден
ќе ми ја земат власта!
Дерман да се нема.

***

„Сите тие мораат
да си заминат.“
Зар и јас сум сите?

***

Куц ковач,
ја усвитувам свеста
на мојот народ.

***

Јас - држава.
В куќа исечи
врата и прозорци.

***

Го учам Мартин:
со нагиб од 7,5 степени
се руши секоја кегла.

***

Хидроцентрала
со неисплакани солзи
го движи народов.

***

Пес ме лае.
Можеби ми збори?
Сеедно велам - лае.

***

Скршена гранка
во цут. Каков
божествен мирис!

***

Сонив споменик.
Глината свиткана
околу празнина.

***

Петунијата
и монахот се смртни.
Бронзата е Господ.

***

Мрачно пророштво:
жерави го украле
балонот над владата.

***

Од мостот Око
Кон Грција одат
сенките на статуите.

***

Не стига лопатата,
ви зинале триста дупки,
сè од мене барате!

***

Вардар ги подрива
темелите на театарот
и бликнува на сцена!

***

Додека кртот
низ рудник го шетав
ме касна пеперуга.

***

Вистината врти врти
и како шило пробива.
Крај на долгиот пат.


Како врескаат!
Омразата кон мене
расте како врба во вода.

***

Се фаќам за камшикот
и истовремено слушам
фиук на друг.

***

Со сипино мастило
запишувам: иднината
нема иднина.

Сродни прилози
Никола Груевски - 20 хаику
Коска во грло

Слики: Свирачиња
Извор: Пандалф Вулкански: „Никола Груевски: 250 хаику“, Темплум, 2011.