Договор

29.05.2015 00:47
Виц икона

Еден од олигарсите многу близок со секоја власт, па и со власта на Груевски, по секоја објавена колумна му се јавувал на Ерол и му честитал за храбрата критика кон Груевски. Еден ден го прашал: „Добро Ероле, како тебе ти успева секој ден жестоко да го критикуваш Груевски а сè уште не си ниту забранет, ниту лустриран, ниту тепан, ниту џипот ти го немаат запалено?“

Ерол го погледнал и му рекол: „А бе види. Имам јас договор со Груевски.“

„Е, каков е тој договор?“, заинтерсирано прашал олигархот.
„Со Груевски се имам договорено“, рекол шеретски Ерол, „да пишувам што сакам и да го критикувам слободно најжестоко што можам, само под еден услов: по објавувањето на колумната да му се јавам и да му кажам кој од олигарсите прв ми честитал!“

ОкоБоли главаВицФото