Апелирам до сите новинари да го следат мојот пример

30.05.2015 12:39
Апелирам до сите новинари да го следат мојот пример

Апелирам до сите новинари да го следат мојот пример. Да не дозволиме режимот да ги закопа бомбите три метри под земја со тематски пресови и бегање од новинарски прашања. Да бидеме сите дрски, директни и безобразни, затоа што режимот беше дрзок и безобразен со народот, законите, институциите и народните пари!

Тоа што тие немаат срам не значи дека ние треба да кренеме раце!

Ваквите енергични настапи го креваат моралот на нацијата, им го рушат имиџот на деспотите од режимот, им ја рушат ПР стратегијата, се генерираат медиумски стории и видеа кои се хит на социјалните мрежи, така масите во голем број зборуваат пак за бомбите наместо да ги заборават!

Мораме да им го земаме просторот. Забележавте ли дека по моите незгодни прашања Грујо го нема на пресови, го праќа Илче да црвенее пред камерите? Наредните денови ќе му ги освоиме на Грујо и фрлањата на лопати и сечењето на ленти, па ќе мора да се затвори во својот кабинет и да не излезе од таму додека не си потпише оставка! Единствено ќе може дотогаш да се вози во својот тенк мерцедес и да гледа од затемнетото стакло како се буди народот против него и неговиот режим!

Злоделата на овој режим и на овој диктатор налагаат и тешки, емоционални, гневни прашања! Како народ сме измамени, покрадени, оштетени, разочарани, гневни, очајни! И прашањата ќе бидат такви! Тие, прашањата, ќе бидат шамари по ѓон-образот на Груевски и неговите министри и полтрони! И никакви шипки и ќотек нема да нè сопрат!

Ги охрабрувам сите новинари да го следат мојот пример и да бидат гласот на народот, ама вистински! Да работат за интересите на народот, да ги бранат принципите, да ги бранат народните пари од рацете на криминалците на владејачката ДПМНЕ и коалициските партнери кои сè уште седат во владата!

За оние кои ме критикуваат, со жалење морам да констатирам дека прават кардинална грешка, но јас сега нема да влегувам во дебата со нив, за тоа немам енергија. Со учукана глава, модрици по целото тело и без пари, сè што имам сега на ум е да трчам по Грујо и неговите министри и да им ебам матер у пичка! Кој мисли дека знае подобро, нека го прави тоа како што го намислил. На крајот на краиштата, во земјава има опозиционери со различен стил, вкус и ниво, па нека се обраќа секој на својата публика.

Мојата публика е желна за плескање министерски и функционерски газиња, а особено ни е мило кога ќе го исплескаме човекот кој е највиновен за сето ова, Грујо паторот.

Се гледаме со нови подвизи и дуели, бидете тука, да се надеваме дека режимот нема да реши да ме елиминира за да куртули од моите герила напади ;)

Овој апел се однесува особено до новинарите во критичките медиуми кои имаат отворен простор за лично истапување и креација. Знам дека за оние кои работат во куртон медиумите овој мој апел е рамен на отказ. Но нека го направат и тоа! Ова се моменти кога се крши земјата и во прашање е навистина во каква земја сите ќе живееме. Заев и неколкуте околу него не можат сами да го изнесат овој товар на грб, ќе мора и ние новинарите да земеме дел од товарот. Бидете херои мои колеги, ова се историски моменти секој да покаже од каков материјал е, тешко дека ќе има повторна шанса да се биде храбар во вакви тешки моменти за нашата земја!

Толку од мене. Им благодарам на сите што ги споделуваат видеата на интернет, за сега тие достигаат до 50.000 гледаност, се надевам дека понатаму тааа бројка ќе се качи на 100 000 и нагоре. Штета што порталите Плусинфо и другите опозициски портали ме бојкотираат, навистина не можам да го разберам овој потег на колегата Бранко Героски, но реков, сега нема да навлегувам во овие дебати, сега ни треба фокус на енергијата на режимот!

Извор: Мактел
Слика: Свирачиња