Мински без граници: повредениот ветеран како фотомодел

30.05.2015 15:28
Мински без граници: повредениот ветеран како фотомодел

Американскиот маринец кој на бојното поле во Авганистан ја изгубил ногата во тешка несреќа, стекна светска популарност како фотомодел.

Алекс Мински (24) од Калифорнија поминал 47 денови во кома, откако камионот во кој се наоѓал поминал врз мина. Три години подоцна, по тешка борба со депресија и алкохолизам, Мински станува едно од најпознатите лица во модната индустрија и сè почеста инспирација на фотографите.

Неговата приказна може да биде охрабрувачка и поттикнувачка за сите луѓе кои се соочиле со несреќи и слични проблеми, и инспирација за нивно надминување и полесно справување со тешкотиите.

Извор: e-novine

ОкоБоли главаВицФото