Прашањето на таткото

02.06.2015 01:56
Прашањето на таткото

– Кај си бе шефче, пола саат те чекам! – ми вели дваесетгодишно момче со мов наместо брада на образите.
– Повикот го добив пред три минути – му одговарам.
– Ееее, секад така, те заболе тебе за патниците. Шефче, ако не те бива, барај друга работа. Сфаќаш? Ако не те бива, не те бива, мењај бизнис. Сфаќаш?

Успевам некако да се воздржам и не му одговарам. Ама тој е упорен.

– Кажи ми сеа, ако брзав на состанок од миљон евра, а? Ако закаснев, ти ли ќе ми ја платеше штетата?

Молчам и возам.

– Е затоа никад нема да влеземе у Европа, никад... Јас работам со миљони, шефче, а некој како тебе може да ме заебе...
– Бидете пристојни – му влетувам во зборот.
– Да бидам пристоен? Знаеш ли кој ми е татко? Шо се занесуеш?

Ја притискам кочницата и застанувам.

– Не знам кој ти е татко и не ме интересира. Излегувај!
– Ќе дознаеш кој ми е татко! – вика тој, ама ја отвара вратата и ја вади десната нога од колата.
– Ќе ја прашам мајка ти, можда јас сум ти?
– Што?!
– Гитла, дечко!

Слика: Доналд Маер

Слични содржини

Книжевност
Книжевност
Книжевност
Книжевност
Книжевност
Книжевност
Книжевност

ОкоБоли главаВицФото