Акција на #Протестирам: Не ги пуштајте да избегаат од државата!

03.06.2015 02:19
Акција на #Протестирам: Не ги пуштајте да избегаат од државата!

На 2 јуни, група активисти на #Протестирам симболично го блокираа делот за полетувања на аеродромот „Александар Велики“. Со „потерници“ во раце, тие сакаа да потсетат дека во вакуумот креиран од политичките преговори, Јанакиески и Мијалков се слободни да ја напуштат земјата и јурисдикцијата на Репубика Македонија.

Според активистите, одговорноста за пречекорувањата на службената должност на поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот директор на Агенцијата на безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков, не завршува со нивните оставки. Тие треба да бидат и целосно тргнати од политичката сцена, да сносат правна одговорност пред независно и непартиско судско тело. Во согласност со заклучоците од судскиот процес, ако се утврди кривична одговорност, треба и да го вратат украденото.

Извор: protestiram.info

ОкоБоли главаВицФото