Постигнат договор – Груевски ја убеди ЕУ да го гради „Брисел 2016“ (во барок и класицизам)

11.06.2015 10:06
Постигнат договор – Груевски ја убеди ЕУ да го гради „Брисел 2016“ (во барок и класицизам)

Скопје, 11 јуни 2015

Убави вести од Брисел. Конечно е постигнат договор на преговорите под посредство на еврокомесарот Јоханес Хан, ексклузивно дознава Коза ностра.

Според нашите извори, Груевски успешно успеал да ја убеди Европската Комисија да вложи 500 милијарди евра во новиот проект наречен „Брисел 2016“, кој ќе го смени ликот и ќе ја освежи европската престолнина, по примерот на ултра-успешниот македонски проект „Скопје 2014“.

Груевски, впрочем, ќе биде и главниот консултант кој како експерт за архитектура и уметност ќе се погрижи градот да блесне во нов сјај, во барок и класицизам (тоа со столбовите), и да се применат најновите стандарди на градењето (со тој специјалниот малтер што личи како да е... овакво, како да е некој мермер, а не е мермер).

Се очекува изјава на Хан кој ќе го потврди договорот и ќе искаже задоволство од успехот на преговорите.

По „Брисел 2016“, ќе следуваат вакви проекти и во други европски градови.

На средбата, Заев нешто мрчел за слобода и демократија, но аргументот на Груевски за столбовите бил посилен и попривлечен и токму затоа ЕК го прифатила.

Извор: kozanostra.net