За новата зграда на ВМРО

20.06.2015 18:03
За новата зграда на ВМРО

За новата зграда на ВМРО:

- Беше уништено паркче со 50-тина разновидни дрвја, докупено за 1 евро квадрат, значи за 2-3.000 евра.

- Беше нелегално донесен ДУП што го пренамени паркчето во градежно земјиште и двојно ја зголеми катноста на старата зграда на партијата.

- Се зазеде целата уличка (што водеше до ул. Македонија) и се пренамени во градежно земјиште за да се зголеми волуменот на зградата.

- Се наруши животната/работната средина на сите станари и работници во соседните згради, бидејќи им се изгради барокна грдосија на 5 метри од нив, 2 ката повисока.

- Се најде коинвеститор кој практично им ја изгради зградата без пари, кој случајно е најбогатиот Македонец и финансиер на „опозициска“ партија, ама неговиот дел од зградата, оној изграден над некогашниот парк, е недоизграден. Побрзал да го изгради делот на ВМРО, ништо чудно...

- Град Скопје потроши неколку милиони евра за да направи плоштад кој случајно го нарече „ВМРО“, притоа сечејќи неколку стари дрвја.

- Фирмата што го доби тендерот великодушно донираше скулптура „Лавица“ да стои сред плоштадот „ВМРО“.

- Град Скопје наскоро ќе ги барокизира околните фасади за да го личи погледот од терасата на Груевски.

- Шталата, каде ќе си ги врзуваат мерцедесите беше наречена „Тодор Александров“.

Скопје, тешки опинци те газат...

Извор: Фејсбук профилот на авторот

Слични содржини

Јавни простори / Култура
Активизам / Јавни простори
Јавни простори / Став
Јавни простори / Став

ОкоБоли главаВицФото