Plus Size Yoga

24.06.15 11:19

Многу фитнес гуруа ги споделуваат фотографиите од своите вежби на Инстаграм, но 27-годишната Џесмин Стенли можеби е најинспиративна од сите нив. Оваа практикантка на јога која има нешто поголема телесна тежина покажува дека има способности исто како и останатите јога-ентузијасти, како и дека ја поседува истата сила и еластичност.

Преку својот Инстаграм профил, Стенли покажува голема самодоверба, истовремено ги руши стереотипите за тоа како треба да изгледа едно совршено тело и ги охрабрува и останатите да вежбаат и да практикуваат здрав стил на живот. Можеби нејзиното тело не одговара на стандардите на кои се навикнати луѓето од светот на јогата, но Џесмин Стенли со својата решителност и неверојатни вештини го менува прагот на очекување во тој поглед.

Извор: NY Mag

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото