Кога режисерите би биле архитекти

24.06.2015 11:43
Кога режисерите би биле архитекти

Федерико Бабина е италијански архитект, уметник и илустратор. До сега на Окно го претставивме со неговите архитектонски реинтерпретации на познати уметнички дела на уметници како Мондријан, Хирст, Малевич, Дишан, Пикасо, Дали итн., како и со неговите визуелни прикази на творештвото на 27 музичари.

Архитектот-уметник кој во сè препознава зграда, затоа што смета дека и зад уметноста се крие математика, структура и код, овој пат изработи серија илустрации во кои реферира на творештвото на славните филмски режисери.

Подолу можете да погледнете како изгледаат зградите-филмови на Ларс фон Трир, Микеланџело Антониони, Кшиштоф Кишловски, Џим Џармуш, Емир Кустурица, Ингмар Бергман...

 

Извор: Juxtapoz