Груевски, оди си!

25.06.15 11:53

Со заглушувачка бучава од стотици тенџериња, тави, други метални предмети и пластични свирки, голем број граѓани вчера попладне маршираа од пред Владата до домот на премиерот Никола Груевски, за да му пренесат порака да поднесе оставка од функцијата.

Со извици „оставка, оставка“, граѓаните пристигнаа пред зградата во која живее премиерот, но таму, како и во претходните протести беа запрени од кордон со полицајци, кои не им дозволија да се приближат. Организаторите на протестот во близина поставија бина, од која на граѓаните им се обратија повеќе граѓански активисти и политичари.

Фотографии: Ванчо Џамбаски

ОкоБоли главаВицФото