Владиката Иларион: Откажете се од јогата и ќе ве пуштам да се сликате со мојот џип

25.06.2015 13:29
Владиката Иларион: Откажете се од јогата и ќе ве пуштам да се сликате со мојот џип

Скопје, 25 јуни 2015

Откако заканата со фрлање анатема за луѓето што вежбаат јога беше дочекана со осуда во јавноста, владиката Иларион се обидува со поинаков пристап да ги убеди граѓаните да престанат со практикување на јога.

„Сите што вежбаат јога веднаш да прекинат и да се откажат, бидејќи таа не претставува само еден вид фитнес, туку одрекување од светата православна вера и одрекување од Христа. Но тоа не е сè. Доколку се откажете во следните 15 минути и се покаете, ќе добиете и нешто плус! Ќе ве пуштам да се сликате со мојот џип! Да, точно слушнавте! Нема да добиете анатема, и ќе имате слика со мојот џип! Верувам дека ова е понуда која нема да можете да ја одбиете“, рече Иларион.

Извор: kozanostra.net