За непотребната ограда кај Бит пазар

26.06.2015 00:45
За непотребната ограда кај Бит пазар

Да потсетам, на истото место каде што е поставена новата ограда на булеварот кај Бит пазар, пред да се изгради пешачкиот мост, со децении постоеше пешачки премин. Луѓето од навика, а и поради нефункционалноста на мостот (на пример, високи и напорни скали кои се тешки за искачување за повозрасните, децата, лицата со посебни потреби) преминуваа таму каде што се поминувало со децении. Пат што е еднаш изгазен не смее да се сопре, тоа е старо правило и традиција. Наместо вакви решенија, најевтино и најфункционално ќе беше да се направи пешачки премин (како порано) со семафор. На 100 метри подолу е направено така и тоа функционира. И пешаците го почитуваат.

Надземните премини (мостови) секаде во светот се покажаа како нефункционални, луѓето не сакаат да ги користат. Далеку е подобро користењето на подземните премини. Такво промашување кај нас е и „Влајко“, надземниот премин кај ОУ „Лирија“ на Јаја Паша и на булеварот кон Автокоманда помеѓу УКИМ и Гази Баба. За разлика од тоа, подземниот премин после Нова Железничка кај ТЦ „Скопјанка“ функционира и се користи, исто како и подземниот кај хотел Континентал. За пешачките премини со семафори, пример за вакво решение имаме кај пазарот Буњаковец, а дека не преминуваат само „Индијанците“ булевари прекутрупа - пример е и булеварот кај Зелен пазар (Градска болница), каде што сè уште е хаос (иако нема толку „Индијанци“), бидејќи нема пешачки премин.

Сето ова го знаеле и го знаат нашите власти, но очигледно тие не се водат од потребите на граѓаните, туку од други потреби. Пешачките премини и семафори и подземните премини се поевтини, што остава помалку простор за тендерчиња и провизии. Наместо тоа, добиваме конц-логор железна ограда. На здравје, и за „Индијанците“, а богами и за „човечињата“. Да живее тендерот и провизијата!

Извор: Фејсбук профилот на авторот

ОкоБоли главаВицФото