Жестоко интервју на Саше Ивановски со уредникот на 24 вести, Сеад Ризвановиќ

27.06.2015 14:48
Жестоко интервју на Саше Ивановски со уредникот на 24 вести, Сеад Ризвановиќ

Мактел: Господине Ризвановиќ, како се снаоѓате во новата улога на уредник на 24 вести?

Сеад Ризвановиќ: Добро, се работи за колектив во кој сите се знаеме со години, така што функционираме добро.

Мактел: Како е да се биде уредник на критичка телевизија, доаѓате ли лесно до гости во емисиите?

Сеад Ризвановиќ: Е во поглед на тој аспект веќе е друго прашање. 24 Вести е телевизија која веќе 4 години негува дебати, во рамки на емисијата „Анализа“ секој работен ден. Значи, се работи за период кога на телевизиите дебатните емисии речиси и да исчезнаа. Се разбира дека еден од принципите при барањето гости е барањето за личности со спротивни дебатни профили, партиски, идеолошки итн. Често имаме проблем да обезбедиме гости, особено кога треба да се артикулираат ставовите на одредена страна. Но ние секогаш тоа го кажуваме во емисиите, доколку ја немаме другата страна, потенцираме дека била поканета и причините поради кој не дошла.

Мактел: Имам една теза, сакам да ја проверам со вас. Дали новинарите во желба да ги добијат за гости претставниците на ВМРО-ДПМНЕ го спуштаат гардот и се малку помеки со нив? Пример ми е вчерашното интервју на вашиот новинар Гоце Михајловски со Антонио Милошоски, кое според мене беше скандалозно. Во ваков контекст во овие моменти вакво интервју со еден од клучните луѓе на ВМРО-ДПМНЕ според мене е новинарско предавство и невиден лапсус. Дали го гледавте интервјуто?

Сеад Ризвановиќ: Да, се разбира, не знам што ви било скандалозно во интервјуто, можеби не било според вашите стандарди за новинарство.

Мактел: И вие исто ќе го водевте интервјуто?

Сеад Ризвановиќ: Видете, секој новинар има свој стил, но не би коментирал повеќе за тоа. За работата на колегите единствено дебатираме внатре во редакцијата, а перцепцијата на гледачите за новинарските производи е добредојдена, и се разбира, различните мислења се богатство.

Мактел: Секако, никој не заговара Гоце да биде затворен, туку само дебатираме со вас. Зарем не мислете дека е рамно на трагедија кога новинарите им дозволуваат на претставниците на корумпирана, криминална, диктарорска, мафијашка власт да поминат лесно, без тешки прашања, без да биде спомната ниту една од скандалозните бомби, без да биде соочен политичарот со скандалите и аферите, зошто некои од новинарите им го дозволуваат тоа на политичарите?!

Сеад Ризвановиќ: Секое интервју има свој агол, се работи за актуелноста на моментот, итн. Би било непродуктивно секогаш да се поставуваат истите прашања, една од новинарските задачи е да се открие нешто ново, така е и во интервјуата и дебатите.

Мактел: Ова имплицира дека вие веќе сте ги поставиле прашањата до високи претставници на ДПМНЕ. Со кого тоа се случило? Јас имам чувство дека ова е прво интервју со висок претставник на ДПМНЕ по објавувањето на бомбите. Со кого сте разговарале за плацовите на Груевски, за неговиот Мерцедес од 600.000 евра, за митото од автопатот, за гласањето на мртви, за купените медиуми, за сотрувањето на членови на опозицијата, за заканите за ендеци, палење кафани итн.? Ништо од ова не слушнавме во интервјуто со Антонио. Дури Гоце не го праша и за неговата куќа и за неговиот предлог до Гоца членови на СДСМ во Кичево да се наместат од страна на полицијата според удбашки методи! Гоце му дозволи на Антонио дури да држи предавања за политика и да ја напаѓа опозицијата!

Сеад Ризвановиќ: Веќе ви одговорив на овие прашања.

Мактел: Зарем не требаше Антонио да биде сомелен и новинарски изеден од Гоце? Тоа го има на Си-Ен-Ен, на Би-Би-Си и други телевизии кога претставник на криминална партија е во емисија, тоа сме го гледале и го гледаме денеска, зошто се обидувате да продавате новинарска некадарност и кукавичлук како високо новинарство од светски ранг? Немате ништо да одговорите на сето ова погоре? Разбирате ли дека кога другите телевизии се куртонски дувла, вие сте на браникот на одбраната на она што се нарекува интерес на јавноста и народот, а вие со ваквите интервјуа го изневерувате тоа што се очекува од вас?

Сеад Ризвановиќ: Видете господине Ивановски, вие можеби мислите дека ако сте гледале телевизија, знаете што е новинарство. За жал не е така, ако гледате филм со астронаути, нема да знаете да возите ракета. Она што вие го работите за жал не е новинарство, така што не би можел да разговарам со вас за новинарски стандарди, повеќе отколку со кој било друг гледач. Така што, доколку имате прашања од друг тип, слободно повелете.

Мактел: Да, сакам да ве прашам зошто вашите новинари не ги прашуваат министрите и премиерот за содржините на бомбите на нивните пресови? Тоа за сега го правам само јас, колку што можам да забележам.

Сеад Ризвановиќ: Погрешен ви е впечатокот, пред да поставите такво прашање треба прво да се подготвите, да истражите, па да го поставите.

Мактел: Е па, штом не можам да се сетам, значи не сте го поставиле, инаку тоа ќе беше хит и ќе се раскажуваше... во јавноста... А бев и присутен на многу пресови, па не ги видов вашите новинари тоа да го прашаат, што значи дека можете да го наречете тоа истражување на темата...

Сеад Ризвановиќ: Ако истражувачката метода или аргументот ви е „штом не можете да се сетите“, не можам да ви помогнам.

Мактел: Аха, значи ароганција и навреди наместо одговори. ОК, ви благодарам господине Ризвановиќ и ви пожелувам да си ги најдете јајцата кои можеби сте ги заборавиле дома со вашите колеги, ако веќе не ви ги фрлиле домашните во веце шолја. Нека ви служи на чест, и вие потклекнавте на диктатурава и не сакате да таласате многу, а тоа сепак е еден вид на новинарско предавство, до душа во помала мера од она што го прави Сител и Канал 5. Поздрав и имајте убав ден.

Сеад Ризвановиќ: Ви благодарам господине Ивановски, ви советувам да се запишете на студии по новинарство, верувам дека ќе можете многу подобро и попродуктивно да го работите тоа што го сакате.

Мактел: Хаха… Од такви школувани како вас Грујо ни ја еба мамицата, ни ја еба и државата и иднината додека вие глумите лудило и ги тинтрате за да останете чисти, а уствари не сакате да се замарате, ве були курот, одите по помал отпор. Тоа се вика „шо го ебам, не се замарам“, класична македонска мантра и филозофија. Со Антонио Милошоски да се направи онакво лешперско интервју е новинарско предавство од прва класа. Исто како интервјуто со Хорхе на Саки на Телма, уште еден школуван новинар.

Сеад Ризвановиќ: Ова сè уште трае или онака си збориш?

Мактел: Последна моја констатација, можеш да додадеш, но јас ќе го имам последниот збор, јбг., мој медиум ;)

Извор: Мактел
Слики: Свирачиња