Looking for Mr Goodsex

29.06.15 13:15

Александра Рубинштајн, сликарка која живее и работи во Бруклин, на своите убави, сензуални и по малку кичести слики претставува оргазмични моменти на жени. На моменти, сликите како да се надоврзуваат на старите илустрации од љубовните романи, a искористено е и порното како основа и референца.

„Инспирирана од филмот 'Длабоко грло' од 1985 година, ги користам лицата на жените од кадрите, кои не се толку нагласени и важни во современите видеа. Овој диспаритет ја преиспитува прогресијата во сексуалноста и важноста на женското задоволство во услови кога порнографијата станува меинстрим и сè подостапна. Портретите исто така ги истражуваат емоционалните состојби на жените во овие филмови“, вели Александра Рубинштајн.

Иако на прв поглед нејзините сликите од серијата „Looking for Mr Goodsex “ изгледаат прилично површни, евтини и перверзни, тие се всушност славење на коитусот. Таа успева да ги долови моментите на нежност и уживање, иако изворот кој се користи како основа не е баш познат по сентименталноста.

www.alexandrarubinstein.com

ОкоБоли главаВицФото