Мора

29.06.2015 13:35

Што тоа правиш сине?
Сонувам, мајко. Сонувам, мајко, како пеам, а ти ме прашуваш, во мојот сон: што чиниш, синко?
За што, во сонот, пееш, сине?
Пеам, мајко, како сум имал куќа. А сега немам куќа. За тоа пеам, мајко.
Како имав глас, мајко, и јазик свој имав. А сега ни глас, ни јазик немам.
Со гласот, што го немам, во јазикот, што го немам, за куќата, што ја немам, јас пеам песна, мајко.

 

Абдулах Сидран (1944), бошњачки поет, драмски автор, новинар и сценарист прославен со сценаријата за првите филмови на Емир Кустурица, Sjećaš li se Dolly Bell (1981) и Otac na službenom putu (1985). За својата најпозната песна Сидран вели:
Во 1986 година сонував на македонски јазик, кој не го знам. Имав ноќна мора и низ таа ноќна мора слушнав зборови од некоја песна на македонски јазик. Утрото ја повикав колешката поетеса Радмила Трифуновска и ѝ реков дека сонував и не знам што да правам со тоа, како ќе го напишам кога не го знам јазикот, а нешто бев запомнил. Ми вели таа мене: „Напиши по свое како и да е, како било. Што и да биде ќе биде добро“. Така настана песната „Мора“ за која сите критичари и странски новинари по 1992-та веруваа дека настанала во војната и по повод нашата колективна несреќа, 1992-95. Тоа ја илустрира тезата за двата видови поети, поети пророци и поети научници.

Оригиналната песна (АУДИО)

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото