Крадци повторно обиле ист автомобил за да вратат неисправен ЦД плеер

29.06.2015 14:05
Крадци повторно обиле ист автомобил за да вратат неисправен ЦД плеер

Скопје, 29 јуни 2015

Ѕ.В. (30) од скопската населба Аеродром минатата недела два пати доживеал непријатен настан. Еднаш кога крадци му го украле ЦД плеерот од автомобилот, а втор пат кога му го вратиле.

„Пред две недели бев по работа во Карпош 3 и го паркирав мојот Опел. Кога се вратив кај автомобилот, видов дека совозачката врата е обиена и украден ми е ЦД плеерот“, се жали овој скопјанец и вели дека го изненадува дрскоста на крадците да го направат тоа среде бел ден.

Тој вели дека плеерот и онака веќе бил расипан, но замената на бравата и поправката на вратата го чинела 200 евра.

„Пред некој ден повторно отидов на истото место, паркирав на истиот паркинг, можеби пет-шест места подолу. Мислев дека сум сигурен сега кога повеќе нема што да се украде од автомобилот, но повторно го најдов обиен. Овој пат бравата на совозачкото место воопшто ја немаше, а во автомобилот го видов мојот ЦД плеер, уредно вратен, зацврстен и поврзан со жиците“, фрапирано раскажува нашиот соговорник.

Оштетениот Ѕ.В. првиот пат не пријавил во полиција затоа што сметал дека од МВР нема да му помогнат, но вториот пат бесен се упатил во најблиската полициска станица.

„Полицајците ми рекоа дека не можат да направат ништо против ситните крадци, затоа што се премногу ситни и ги има премногу за да ги гонат сите, а не можат да направат ништо ни против крупните, затоа што се премногу крупни, но ветија дека ќе се потрудат да дознаат кој го направил ова, затоа што и нив ги копка“, објаснува несреќниот скопјанец.

Извор: nasapatka.rs