Герила акција на Саше Ивановски: Премиере, ќе им се заблагодарите ли на мртвите гласачи?

29.06.2015 15:57
Герила акција на Саше Ивановски: Премиере, ќе им се заблагодарите ли на мртвите гласачи?

Премиерот Никола Груевски и министерот за финансии Зоран Ставревски денес присуствуваа на пуштaње водовод во употреба во населбата Шуто Оризари. Нивното присуство во јавноста го искористи Саше Ивановски-Политико за уште една од своите храбри герила-новинарски акции.

Ивановски го праша премиерот дали ќе отиде до гробиштата „Бутел“ кои се наоѓаат во близина, за да им се заблагодари на сите мртви гласачи што гласале на изборите, како и дали не се срами што се појавува во населбата во која „Цигани биле влечени за уши и носени на гласање“.

Министерот за финансии, пак, беше замолен да објасни нешто околу лебот и чоколадото...

„Саше Политико денеска го направи најлудиот потег досега - сам се бркаше со Груевски и Ставревски во сред Шутка каде крал е Амди Бајрам и каде врие од криминалци на Амди кои за малку ќе го линчуваа по настанот. Саше беше заобиколен од десетина бодигарди и јуришници на Амди Бајрам и за среќа му дозволија да излезе од Шутка без да биде претепан. Тој мораше да им вети дека нема повторно да доаѓа во Шутка и нема да го критикува Амди Бајрам и премирот Груевски. Беше драматично, голема благодарност до шефот на обезбедувањето на Амди Бајрам кој успеа да ги скроти своите колеги и сопартијци кои имаа сериозна намера да го претепаат Саше Политико“, пишува Ивановски на порталот Мактел.

Извор: Мактел, 29.06.2015.