Возење со автобус

30.06.2015 12:53

Една позната ми раскажа
кратко за нејзиното време
во едно верско училиште.
Калуѓерките (без
некој да ги праша)
погодиле: кога ученичките
имаат чувства или сакаат да ги имаат
или слично, тогаш требало
во автобусот да седнат на местото
над тркалото. Тоа било
многу подобро отколку со младичи
и сосем безопасно.
Но ако се возеле заедно
со автобус
седиштата над тркалата
веќе биле зафатени од калуѓерките.
Велеа, сакале да бидат
со нас.

Препев: Душан Томовски

Јоахим Фурман (Joachim Fuhrmann, 1948), германски поет и драмски автор (пишувал и радио драми). Во поезијата познат по политичките теми и општествената ангажираност.

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото