(ВИДЕО) Нов герила дуел: Бркотница на Саше Политико со Јанко Бурек кој вади пепер-спреј!

30.06.2015 23:19
Нов герила дуел: Бркотница на Саше Политико со Јанко Бурек кој вади пепер-спреј!

Вечерва Саше Политико имаше нoва акција, овој пат со поставување прашња на Јанко Бурек. Саше го чекаше Јанко пред Сител и во 21.10 часот Јанко дојде со Цитроенот и се паркира пред јужна трибина на стадионот Филип Втори.

Штом излезе од колата, Саше Политико го пречека со вклучен мобилен и прашање: „Јанко како бе не ти е срам одработуваш за режимот, а тие ја вработија жена ти.“ На тоа Јанко не одговори ништо туку, бараше нешто во торбата и извади спреј за очи и почна да прска кон Саше Политико, но тој се наведна и спрејот не го погоди, па потоа Јанко почна да го брка Саше низ парк и така се бркаа како Том и Џери низ цел парк, при што Саше Политико цело време снимаше и му поставуваше редица незгодни и сочни прашања на Јанко, на што тој уште повеќе пиздеше и урлаше и трчаше појако.

Беше тотален циркус. Сето тоа го следеше цела редакција на Сител и гласно навиваше. На стадионот од другата страна, пак, имаше натпревар, Ренова играше со некои од Молдавија или кој знае од каде...

По брканицата, Саше Политико се повлече од дуелот затоа што беше сигурен дека Јанко има повикано Алфи, Тигри, Волци, Шкорпиони, ЕБР, НАТО, ОБСЕ и УНПРОФОР!

Извор: Мактел, 30.06.2015.