Втора песна за чистење прозорци

01.07.2015 11:16

Да се исчисти рамката
од можноста за решетки, виорот
од можноста за бесилка, симсот
од можноста за последен чекор
 
Окната да се исчистат, ништо
погледот да не го мати
Да се дише
мирот од прозорците кои
не мораат да ја премолчуваат ноќе
светлината своја.
 
Препев: Душан Томовски

Рајнер Кунце (Reiner Kunze, 1933), германски поет, прозаист, есеист. Бил дисидент за време на ДДР. Ироничен, ангажиран, минималистички во изразот. Прочуен е по детските песни.

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото