Пародија за „Скопје 2014“ на Дамир Никшиќ

02.07.2015 15:50
Пародија за „Скопје 2014“ на Дамир Никшиќ

Дамир Никшиќ, босанскиот концептуален уметник кој прави реинтерпретации, римејкови, пародии на веќе видени и слушнати филмови, изјави, песни, концепти, и ги става во сосема нов контекст, го посети и Скопје, каде сними две видеа за новиот изглед на градот.

Никшиќ овие видеа со обиколка и анализа на градовите ги објавува на својот Јутјуб канал. Тој се подбива со проектот „Скопје 2014“ за кој вика дека ваков „стил“ нема никаде во светот, а и претпоставува како се трошеле пари за ваков „фалшлив проект“, кој е преплатен.

-Ова е нешто ново. Никаде на светот го нема ова -столбовите стојат на стреа, на олук се потпираат, ова е против сите закони на физиката, вели авторот покажувајќи на пластично гипсаните столбови на новата “барокна“ зграда кај Бристол.

-Не сме мали деца. Уметноста е убиена, за да се исперат парите“, вели авторот.

 

Никшиќ студирал ликовна академија во Сараево, Милано и Болоња, а бил и на постдипломски студии на Универзитетот во Аризона, САД, каде магистрирал ликовна уметност и историја на уметноста.

Одредено време беше и визинтинг професор на универзитетот во Масачусетс, САД.

извор:а1он

 

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото