Шврговски, ова што ни се случува е резултат на делувањето на редица јавни обвинители како тебе!

02.07.2015 17:41
Шврговски, ова што ни се случува е резултат на делувањето на редица јавни обвинители како тебе!

Не драг мој Шврговски. Ова што го пишуваш нема врска ни со право ниту пак со здрав разум. Прво, законите не се одраз на правото. Можат, но не мора да бидат.

Има многу закони кои го овозможуваат неправото, кои го рушат правниот поредок и кои зборуваат повеќе за неправото отколку за правото.

Второ, кога некоја експертска комисија чие мислење наводно го прифаќаме ќе утврди дека најголем проблем во државата е независноста на судството, кога некој ќе се побуни токму против судовите и во исто време е ставен на обвинителна клупа, тоа се нарекува виктимизација.

Доколку го примениме Законот за спречување и заштита од дискриминација, тогаш ваквото постапување само по себе е прекршување на законот. Трето, во моментот кога ЈО не сака да поведе ниту една постапка врз основа на приложени материјали, а судовите не спроведуваат соодветна истрага за случаи во кои е инкриминирана државата олицетворена во високи функционери во власта, тоа значи дека не постои судска власт и секое судење е всушност политички процес против неистомислениците.

Злите јазици би рекле дека, тоа што го зборуваш не е само глупо туку е и во одбрана на фашистичкиот режим и дека тоа те прави не само глуп човек туку и поддржувач на фашизмот.

Јас ќе речам само дека ова што денес ни се случува е резултат на делувањето на редица јавни обвинители како тебе.

Извор: Фејсбук