Грција : Германија - филозофски фудбал

06.07.15 11:22

Изминативе месеци најпознатите светски теоретичари и економисти се занимаваа со случајот Грција. Но, еден скеч од 1974 година, на дружината Монти Пајтон, се чини подобро од што било ја објаснува суштината на проблемот. За нештата да ви станат појасни погледнете го филозофско-фудбалскиот дуел меѓу Грција и Германија. Од едната страна Џон Клис и Ерик Ајдл ги играат Архимед и Сократ; од другата страна се Греам Чепмен како Хегел, Мајкл Пејлин како Ниче, Тери Џонс како Маркс и Тери Гилиам како Кант. Ако подобро се загледате тука некаде се и Ципрас, Варуфакис, Меркел, Оланд, Јункер...

Слични содржини

Книжевност / Уметност / Филм / Око
Филм / Око
Фотографија / Психологија / Око
Фотографија / Квир / Око
Уметност / Филм / Око

ОкоБоли главаВицФото