Дали е Пешевски свесен дека за напад може да биде осуден до 5 години затвор?

15.07.2015 20:49
Дали е Пешевски свесен дека за напад може да биде осуден до 5 години затвор?

Дали е Пешевски воопшто свесен дека за тоа што го направи може да биде осуден од 6 месеци до 5 години затвор?

Како не ти е срам! Брука! Па ти си бре вицепремиер на македонската држава! Ако Груевски сака да покаже дека има барем трошка почит кон сопствената држава, веднаш треба да побара оставка од насилникот тепач - вицепремиер, а органите на прогон да преземат конкретни дејства против него!

Кога се чувствуваш над законот, тогаш можеш и пред камери без око да ти трепне да извршиш кривично дело Насилство според чл. 386 став 1 и став 2, а полицијата немо да набљудува. Тогаш воопшто не мора се грижиш дека еден убав сончев ден и тебе може да те стигне правдата и сегашниот кривичен закон - тоалетна хартија и за извршеното насилство да добиеш до пет години затвор.

Долг е векот, вицепремиере! Еден ден и тебе ќе те стигне правдата! Американците велат - what goes around, tends to come around.

Насилство
Член З86
(1) Тој што друг малтретира, грубо навредува, ја загрозува неговата сигурност или врз него врши грубо насилсгво и со тоа во јавноста предизвикува чувство на несигурност, загрозување или страв, ќе се казни со затвор од три месеци до три години.
(2) Ако ... сторителот телесно повредил друг, ќе се казни со затвор од шест месеци до пет години.

Кога ќе прочитаме статус од Илија Димовски, а и од други членови на ДПМНЕ, како став на партијата, дека се оградува и ја осудува насилничката постапка на Пешевски, дека истиот е веднаш исклучен од партијата, а премиерот има побарано оставка од него, тогаш ќе ја бидне и државата. Дотогаш - ќе почекаме.

Слика: Свирачиња

Извор: Фејсбук