E Грујо бе, како си се оптегнал, ти чуе тасе!

21.07.2015 14:59
E Грујо бе, како си се оптегнал, ти чуе тасе!

E Грујо беее, како си се оптегнал, ти чуе тасе, цвикера од 60000 евриќи, мерцедес од 600000 евриќи, плац на Водно, 10 години премиер, пред тоа 3 години министер, 13 години му ја цицаш крвта на овој народ, го лажеш, го крадеш, го презадолжуваш, крадеш избори... До кога мислиш вака бе шефее!? Ти се ближи крајот, вака ќе се сунчаш во дворот во Идризово!

Ауууу, како го фатија, жив! Мислеше дека ќе се скрие, дека никој нема да дознае како се луксузира, сакаше народот и понатаму да мисли дека он е скромен дечко кој 24/7 работи за народот и за државата...

Замислете премиер на една земја скришно оди на одмор, како да е мафијаш, лидер на мексички нарко картел?! Па ај шо се оптегнал тајно, па и цвикера од 60000 евра!!! Папапа... Тоа значи дека дечко е со истенчен вкус. Сака да биде милијардер, а можеби веќе и е!

Мерцедесот 600000 евра, цвикерите 60000 евра, се збори дека имал цел стан со гардероба над 100 пара чевли и сакоа и панталони и кошули, си ја реновира владата да му личи на белата куќа, си нарача и опрема за фитнес вредна 50000 евра, слушнавме дека почнал и да си прави личен дворец на Водно на парцели кои чинат (само они, гола земја!) над 10 милиони евра...

Која е ова алапача и бандит, луѓе!!! 10 години премиер, пред тоа 3 години министер - 13 години ова човече се вози на државен трошок, располага со милијарди! 13 години го лаже народот, се одмаздува на критичарите, владее уличарски, без фер политичка борба, фатен е со бомбите во криминал до гуша, и до крај се бори да се одржи, пуста алчност, пуста расипаност!!!

Но ти се ближи крајот, шефе, ваќа ќе се сунчаш во дворот во Идризово без тие цвикери и со различна шара на бермудите. Уживај уште малце, те прочита народот веќе!

П.С. Пазете, денеска се појави интервју на Грујо за Нетпрес. Тоа интервју очигледно е снимено пред три дена но е пуштено сега за да ја пополни празнината од отсуството на пастирот а и за да се стишат шпекулациите дека е на одмор. Замислете каква е тоа мафијашка подмолна расипана банда: снимаат интервју и после го пуштаат по три дена и глумат дека Груевски е во Скопје а не на плажа... Цццц, багра една, стока една измамничка!!!

Слика: Свирачиња
Извор: Мактел