10 факти за економската и половата нееднаквост

28.07.2015 11:33
10 факти за економската и половата нееднаквост

На промовирањето на половата рамноправност и зајакнувањето на жените во бизнис секторот во последно време му се посветува сè поголемо внимание. Меѓутоа, половиот јаз сè уште е сеприсутен. Додека половите разлики во образованието и здравството постепено се намалуваат, поразителен е фактот дека на пазарот на трудот и во политиката тие сепак опстануваат.

За да се искорени половата нееднаквост и така да се постигне избалансиран економски раст, нужно е да се разберат факторите кои ја забрзуваат. Самото прашање за постоењето полов јаз е повеќедимензионално и комплексно, заради тоа во продолжение претставуваме десет факти за економската полова нееднаквост кои можат да ги расветлат причините за нејзината длабока вкоренетост во бизнис секторот.

1. Половата нееднаквост има корени во минатото

Тие корени достигнуваат се до традиционалните земјоделски практики и уредувањата на семејните односи во прединдустрискиот период, што влијаело на полово сегрегираната поделба на трудот, традиционалното сфаќање на улогата на жената и на развојот и опстанокот на половите норми.

2. Влијанието на културата е клучно за постоењето на разликите меѓу половите

Половите стереотипи сè уште се силни меѓу мажите, како и меѓу жените. Тие влијаат на тоа во која мера мажите и жените ги делат работите во домаќинството и водат грижа за децата и ги објаснуваат нееднаквостите меѓу половите на пазарот на трудот.

3. Мажите и жените поинаку се однесуваат во бизнис светот

Во просек, жените значително помалку преземаат деловни ризици и помалку учествуваат во бизнис натпреварувањето. Тие разлики можат да го објаснат јазот кај платите, стаклените тавани и недоволната присутност на жените на високи позиции или во многу конкурентни окружувања.

4. Мајчинството не е задоволувачко објаснување. Жените не би смееле да бидат присилени да избираат помеѓу основањето семејство и кариерата

Мајчинството е казна за пазарот на трудот. Меѓутоа, нема причина тоа да биде пречка кај вработувањето, и уште повеќе, во земјите во кои жените работат повеќе имаат повисока стапка на наталитет. Значи, ниската вработеност на жените во бизнис секторот не е нужно поврзана со поимот на мајчинството.

5. Образованието е главен двигател на рамноправноста на половите

Жените и мажите во моментов се подеднакво образовани. Освен тоа, жените во развиените земји често ги надминуваат мажите во образовните достигнувања. Но, жените се позастапени во одредени дисциплини, на пример во STEM (science, technology, engineering, math) (наука, технологија, инженерство, математика).

6. Пловиот јаз во вработувањето и стаклениот таван се различни феномени, иако често одат рака под рака

Дури и во земјите каде жените без поголеми проблеми му пристапуваат на пазарот на трудот, тие и понатаму наидуваат на пречки во кариерата, односно се соочуваат со „стаклениот таван“.

7. Потребите на пазарот се важни како и изборот на поединците/ките

Одлуките на компаниите, ставовите и убедувањата на работодавачите/ките, односно побарувачката на пазарот на трудот, се подеднакво важни како и одлуките на поединците/ките за половиот состав на работната сила. Самиот процес на селекција вообичаено не е полово неутрален.

8. Поткрепата од институциите е клучна за вработување на жените

Семејната политика, родителското отсуство и одредбите кои се однесуваат на детската помош можат директно да влијаат на зголемувањето на женската работна сила.

9. Институциите играат клучна улога во одредувањето на стаклениот таван

Унапредувањето на женското раководство и присутноста на жените на највисоки позиции е жешко прашање кое државите го решаваат на различни начини. На пример, со воведување различни одредби, од воспоставување полови квоти до волонтерски активности. Половите квоти неодамна привлекоа големо внимание. Имено, се покажаа како ефикасни не само затоа што влијаеја на зголемувањето на бројот жени на највисоки позиции, туку се одговорни за подобар процес на селекција.

10. Зајакнувањето на жените и економскиот развој се меѓусебно поврзани

Од една страна, економскиот развој ги подобрува условите за жените и ја намалува половата нееднаквост, а од друга страна, вклучувањето на жените во економските процеси е клучен двигател за раст на економијата.

Овие десет факти посочуваат дека на тоа дека на половата нееднаквост влијаат културата и историјата, врежаните ставови и начините на однесување, образованието, семејните избори, на пример мајчинството, политиката на компаниите и економскиот развој. Тие одредници се поврзани меѓусебно, а разбирањето на овие десет факти може да биде корисен патоказ кон утврдувањето на мерките против половата нееднаквост.

Извор: http://www.voxfeminae.net/