Борба со несоницата низ чудесни фотографии

28.07.15 12:40

Фотографката Џена Мартин целиот живот води битка со спиењето. Резултат? Серија прекрасни, надреални фотографии кои документираат како таа го гледа светот кога се бори со несоницата.

„Вообичаено, спијам по неколку часа на секои три дена или слично. Се случува да не спијам и по пет дена“ вели Мартин за Хафингтон Пост во врска со нејзината фото серија ’To Dream A Dream‘. „Кога се случува тоа, реалноста и светот од сништата се измешани: реалноста е многу замаглена и тешка за паметење, а соништата се неверојатно јасни. Сето тоа се меша; почнувам да ги гледам нештата од перспектива на трета личност и тешко е да проценам дали сум будна или сонувам.“

Мартин, уметница и подводна фотографка, живее во Билингс, Монтана. Магистрирала Психијатриска рехабилитација пред да направи, како што опишува, драстична промена на полето на надреалната фотографија.

Борбата со спиењето е дел од она што ја поттикнува нејзината креативност и ѝ помага да размислува за нештата на „неконвенционален“ начин.

„Несоницата е чудно нарушување, можеби како опсесивно компулзивно нарушување. Луѓето сметаат дека можеш да се навикнеш на тоа. Но, твоето тело никогаш не се адаптира навистина. Секогаш си изморен. Спиењето станува постојана опсесија. Ќе направиш се’ за да спиеш. Мислиш само на тоа.“

Погледнете неколку слики од серијата „To Dream A Dream“.

Извор: http://www.huffingtonpost.com

ОкоБоли главаВицФото