Фуко и Чомски се помирија во Македонија!

28.07.2015 15:37
Без делиричност немаме ништо!

"Објавените транскрипти и аудиозаписи од разговорите на словенечката застапничка во арбитражната постапка и словенечкиот судија во Арбитражниот суд, имаат поголема сила од изјавата на словенечкиот министер за надворешни работи, Ерјавец која словенечката страна можела различно да ја толкува."

Го цитирам професорот на катедрата за меѓународно право на Правниот факултет во Загреб, д-р Даворин Лапаш поради неговата оценка за правната тежината на транскриптите и аудиозаписите, работа што, се надеваме, ќе стане актуелна и во Македонија по именувањето на специјалниот обвинител ( со сите резерви околу самата процедура и околу изборот што таа го наметнува) и судските процеси што ќе се водат против злосторничкото здружување што ја уништи Македонија!

Речиси дека не е важна содржината на аудиозаписите за кои зборува професорот Лапаш, но и тука, ми се чини, има една интересна врска: станува збор за непримерена комуникација меѓу словенечкиот судија и словенечката застапничка во постапката што ја водат Хрватска и Словенија за разграничувањето во Пиранскиот залив, а која, според информациите што протекоа во јавноста пред да биде соопштена дефинитивната и необжалива пресуда, ќе заврши така што Хрватска ќе загуби две третини од заливот, а Словенија ќе добие директен излез на отворено море; додека увидот во македонските транскрипти и аудиозаписи покажува на кој начин Македонија решила да загуби три третини од себе препуштајќи и се на една банда чипирани идиоти.

Освен тоа и двајцата Словенци, снимени во ситуации недостојни на нивните функции во судот и во процесот, дале односно понудиле оставки само два-три дена по отворањето на случајот, што е доказ дека тие никогаш не биле членови на вмро-дпмне, најмалку, пак, дека некогаш биле членови на раководната фамилија на оваа злосторничка инсталација!

Читав љубљанско "Дневник" во авионот на "Адрија" за Брисел и имав задоволство да се сретнам со нормални реакции и коментари, а не со хистеризирани манипулации и со медиумски терор како методи на кои се изложени граѓаните по повод сè и сешто во Македонија. Тие очигледно ги немаат своите Мирки да им објаснат за каков светски заговор против Словенија се работи! Не, колегите новинари и словенечките експерти јасно велат дека словенечката двојка ги преминала дозволените рамки на консултации! Никој не тврди дека снимките се монтирани, сечени и лепени! Никој ништо не го прашува словенечкиот Никовски или тамошниот Раб Боцевски, тоа е просто незамисливо, не дека и кај нив нема будали.

Јас знам дека по овој повод ќе се јави некој чипиран идиот кој ќе тврди дека на споменатите лица им било лесно да понудат оставки откако биле фатени во морално и професионално проблематични ситуации и поведенија односно дека е големо прашање дали би поднеле оставка да биле фатени како крадат пари и избори, како убиваат и како уриваат, како затвораат невини луѓе и како уништуваат цела една култура, држава, нација, општество!

Така се бранат говњарите!

Така се шират хистеријата и делириумот!

Со оглед на тоа што светот се движи кон делирични гледишта, ние мораме да се движиме кон делирични становишта! Делиричното, еднаш веќе го цитирав Бодријар, е нешто помеѓу реалното и нереалното, меѓу вистинското и лажното; делиричното значи свет во кој сè потешко може да се препознае што е точно, а што не е, што е лажно, а што е вистинито, што е добро, а што е лошо! Делирична е Македонија.

Да речеме, делирично во случајот со дозволата за носење на оружје на колегата Героски (што во една делирична постапка му ја дал режимот за да може Геро да се брани од него!), може да биде игнорирањето на правилата што му ги наметнува дозволата односно законот, кои се рестриктивни до таа мерка што го обесмислуваат држењето и носењето на огнострелно оружје! Писарев тоа многу добро го објасни. Освен тоа, делирично не е да се браниш, делирично во оваа ситуација е да го нападнеш злотворот и да му ги смачкаш јајцата.

Делирично во случајот со дебелиот идиот не е да се скандализираме од неговите педофилски импулси туку да го фати некој на спиење, да му го отвори стомакот и да го наполни со камења или со метални топки од лагери! И да го фрли во Вардар да биде мало корисно островце преку кое рибарите и Ромчињата што се капат, ќе минуваат на другиот брег. Или да му се сипе прегреано масло од тенковски мотор во десното уво!

Делирично не е да се повикува ВМРО-ДПМНЕ да се однесува сериозно кон извештајот на Прибе (СДСМ) туку делирично е да се претстави програмата за девмровизација на земјата и општеството со проектот за забрана на организацијата во редовна постапка пред еден нормален односно нормализиран Уставен суд. Пред новата рунда преговори за имплементација на договорот од Пржино! Ако чипираните решат да дојдат.

Во пристапот на СДСМ нема ниту траги од делиричност! Во Топ-шоп тие би се продавале како нормализатори! Со дополнителен бонус ако во првите триесет минути нарачате најмалку два!

И така натаму!

Еве, како прилог на расправата за оваа тема, и едно потсетување на полемиката меѓу Фуко и Чомски за правото и праведните цели и нивната битка за приоритет. Во таа полемика Фуко ја нападна тезата на Чомски за идеалната правда како целесообразност која може да го оправда кршењето на законите во развојот на општествениот конфликт. "Ако правдата е влог во битката тогаш таа е само инструмент на моќта: таа не се користи затоа што се надеваме дека еден ден во оваа или во некое друго општество луѓето ќе бидат наградувани за своите заслуги и ќе бидат казнувани за своите прекршоци. Наместо да мислиме на општествената борба во поимите на правдата, ние треба да ја мислиме правдата преку поимите на општествената борба"!

Чомски, како што е познато, сметаше дека акцијата што ќе ја спречи државата да прави злосторства е оправдана како што е оправдано да се прекршуваат сообраќајните правила за да се спречи некоја несреќа, но Фуко инсистираше на тоа дека пристапот во кој победата е поважна од правдата може да заврши во злосторство, еднакво на тоа што ја покренало борбата!

Во јули 2007 ја обвинував новоконституираната власт на вмро-дпмне за еден извртен "чомскијанизам", ако може така да се каже, односно за безпардоно движење кон својата монструозна цел, со комплетно игнорирање на правото и правдата, а бев воздржан кон најавите за радикализација од страна на опозицијата. Повеќе бев, сакам да кажам, фукоовски определен!

Денеска мислам дека да се биде на страната на Чомски не значи да се биде против Фуко. Макар што да се биде на страната на Фуко сè уште значи да се биде против Чомски. Развојот на ситуацијата во Македонија овозможува неверојатни синтези бидејќи самата ситуација е неверојатна! Инсистирањето на победа против злосторствата на државата не може да ја ограничува правдата зашто самата држава ја има уништено како поим и како пракса. Нема правда нема мир! е многу добра парола, таа е прочомсиевска, а не е антифукоовска! Борбата против злотворите не е борба против правдата туку е борба за воспоставување правда. Некој треба на луѓето да им објасни дека државата им е непријател од кој треба да се ослободат по секоја цена, по цена на кршење на законите, на сообраќајните знаци, на дозволите за носење на оружје, на сè! За да можат да се спасат и државата и луѓето!

И во овој пристап има извесна доза на делиричност, но, како што беше кажано погоре, без тоа нема ништо.

Слики: Eugenia Loli

Извор: Слободен печат