Срцето на нештата

30.07.2015 17:08
Срцето на нештата

Неодамна бев дел од една долгорочна интердисциплинарна студија за психо-социјалните ефекти предизвикани од трансплантација на срце. Основан во Универзитетот во Торонто, поширокиот истражувачки тим за овој проект беше составен од канадскиот кардиолог, д-р. Хедер Рос; психијатар при трансплантација, д-р Сузан Аби ; филозоф, д-р Маргрит Шилдрик и четворица уметници, Кетрин Ричардс (Канада), Ингрид Бахман (Канада), Ендру Карни (Велика Британија) и јас, Алекса Врајт.

Од секој од уметниците се бараше да направи дело кое одговара на искуството на лицата со срцева трансплатација и да ги приближи тие искуства до пошироката публика. „Срцето на нештата“, за прв пат прикажана како дел од проектот „Хибридни тела“ во ФИ центарот, во Монтреал, во јануари 2014, претставува аудио инсталација со осум канали направена како одговор на овој интердисциплинарен истражувачки проект.

„Срцето на нештата“ го истражува влијанието кое срцевата транплантација може да го има врз примачот, во смисла на неговото поимање на себеси како ограничена и уникатна идивидуа. Во инсталацијата, монолозите составени од индивидуалните искуства со срцева трансплантација се преплетуваат со лични приказни за интимни врски, при што доаѓа до претопување на границите помеѓу јас и другиот.

Приказните, кои извираат од серијата едноставни филцани палта поставени на ѕидовите, се активираат со наближувањето на посетителите. Како што влегуваат повеќе луѓе во просторот, осумте поединечни приказни се преклопуваат формирајќи какофонија од меѓусебно поврзани сведоштва за физичката или емоционалната промена на срцето – понекогаш е тешко да се направи разлика помеѓу нив.


Претходната работна верзија на проектот се состоеше од осум канали со гласови кои говорат и едно HD видео. Видеото одблизу прикажува операција на срце. Овој механички, материјален приказ на срцето е неутрализиран преку фрагментите од емотивни приказни кои прозвучуваат од секој од осумте звучници распоредени во просторот.

Од секој звучник се слуша жена како зборува за некоја лична врска или настан; од смрт на партнерот, напуштење, загуба, па се до интимните искуства на бременост и семеен живот. Раскажувањата се фрагментирани и се преклопуваат, така што е тешко да се издвои било која поединечна приказна од какофонијата на гласовите кои се слушаат.

Поентата е едноставно во тоа да се биде во емотивно набиен простор каде што жените споделуваат некои „срцепарателни“ искуства, истакнувајќи ја на овој начин функцијата на срцето како наш емоционален центар. Приказните, раскажани од актери, сите произлегуваат од личните искази на жени кои ги интервјуирав за овој проект.


Извор: www.alexawright.com

 

ОкоБоли главаВицФото