Прашања на еден работник што чита

31.07.2015 20:27

Кој ја изгради седумвратната Теба?
Во книгите имиња на кралеви стојат.
Влечеа ли кралевите блокови од карпи?

А Вавилон што повеќе пати разурнуван беше –
Кој го изградуваше толку пати? Во кои куќи
на Лима што зрачи со злато работниците сместени беа?
Каде отидоа работниците кога кинескиот ѕид
беше готов? Големиот Рим
е полн со триумфални арки. Кој ги издигна? Над него
триумфираа цезарите? Зар Византија што во песни
е опеана толку, имаше само палати за жителите свои?
Дури и во сказочната Атлантида рикаа во ноќта,
Кога морето ја голтна, давениците по своите робој.

Младиот Александар ја освои Индија.
Тој сам?
Цезар ги победи Галите.
Немаше ли крај себе барем еден готвач?
Филип од Шпанија плачел кога неговата флота
потонала. Зар не плачел никој друг?
Фридрих Втори победил во Седумгодишната војна. Кој
победил освен него?

Секоја страница една победа.
Кој ја зготвил победничката гозба?
Секои десет години еден голем човек.
Трошоците кој ги платил?

Толку многу извештаи.
Толку многу прашања.

Препев: Душан Томовски

 

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото