Ноќ на Сина месечина над светот

01.08.2015 18:19
Ноќ на Сина месечина над светот

Најверојатно веќе сте надвор, подготвени за средба со чудата на ноќта. Едно од тие ноќни чуда е полната месечина. Вечерва, во самрак и во темните ноќни часови, тешкото и светлосно небесно тело ќе одбележи патека низ небото, од хоризонт до хоризонт.

Таа ќе сјае во рефлектираната светлина на Сонцето, како и обично, а ќе се појави во жолто – бела нијанса, како вообичаената полна месечина. Но, овој космички настан ние го нарекуваме Сина месечина. Токму одовде приказната почнува да станува интересна.

Според повеќето дефиниции на оваа тема, Сината месечина е втората полна месечина во еден календарски месец. Оваа година, првата полна месечина се појави на први јули. Бидејќи времето помеѓу две последователни полни месечини е 29,5 дена (познат како лунарен месец), а вечерва ќе се случи и вториот месечев циклус.

Сепак, ваквата дефиниција се поставува со цел работите да се поедностават. Таа кратка дефиниција, астрономот аматер Џејмс Хју Прует, на 3 март 1946 година ја напишал во едно од изданијата на списанието „Sky & Telescope“. За Сината месечина тој објаснува дека се случува седум пати на секои 19 години, бидејќи лунарниот месец е пократок од поголемиот дел од нашите познати календарски месеци.
Така, понекогаш постојат тринаесет полни месечини во годината, наместо дванаесет. Според тоа, Прует заклучува:
„Таквата ситуација резултира со единаесет месеци со појава на една полна месечина во секој од нив и еден со две. Втората полна месечина која се појавува во овој месец со две месечини, се нарекува Сина Месечина“.

Едноставна, но погрешна дефиниија. Терминот "Сина месечина" e воведен oд Maine Farmers’ Almanac, кој датира од 1800-та година. Според нивната дефиниција, името се однесувало на третата полна месечина во една сезона која содржи четири. Значи, ова би можело да биде и првата полна месечина во еден месец, која се појавува вторпат.

Сите сме запознаени со терминот "месечева жетва". Ова име ѝ е дадено на полната месечина која се појавува на крајот на септември, почетокот на октомври. Терминот се користи бидејќи таа им ги осветлувала полињата на земјоделците овозможувајќи им да работат во текот на ноќта за време на жетвата.

Всушност, сите полни месечини имаат имиња кои им ги дале американските домородци Алгонквин. Зависно од месецот во кој се појавуваат, тие се:
Јануари: Месечина Волк, Февруари: Снежна Месечина, Март: Црвлива Месечина, Април: Розова Месечина, Мај: Цвет Месечина, јуни: Јагода Месечина, Јули: Јарец Месечина, Август: Есетра Месечина, Септември: Месечина на Жетвата, Октомври: Ловец Месечина, Ноември: Дабар Месечина,  Декември: Студена Месечина.

Бидејќи последната полна месечина во сезоната обично се појавува за време на летната или зимската долгоденица, пролетната или есенската рамноденица, појавата на Сината месечина се случува претходно, за да се задржи редоследот на вистинскиот пат. Збунети сте? Можеби сега дефиницијата на Прует ќе ни стане поприфатлива, па дури и симпатична.

А што е со онаа позната фраза "еднаш на Сина месечина"? Појавата на сината месечина многумина ја сметаат за ретка и велат дека оттаму доаѓа оваа често употребувана реченица. И има некоја вистина во таа претпоставка.

За почеток, Сината месечина (како и да ја дефинирате) се случува еднаш на секои 2,7 години. Тоа е навистина настан кој ретко се случува. Според некои други мислења, како што споменавме, првата употреба на Сината месечина во оваа календарска смисла, потекнува од Алманахот од 1800-тите. Сепак, првата употреба на Сината месечина, во смисла на необичен настан датира од 1528, впишана во „Речник на зборови и потеклото на фразите“, на Вилијам и Мери Морис.

Како да ја решиме оваа загатка? Се чини дека е едноставно. Понекогаш, Месечината всушност не се појавува во сина боја. Шумските пожари, песочните бури и вулканските ерупции ослободуваат партикули кои се креваат во атмосферата. Овие честички имаат совршена големина која им овозможува да ја разнесуваат црвената светлина, дозволувајќи ѝ само на сината светлина да се разнесува низ облаците од прашина и таму да се задржи одреден период. На тој начин, расфрланите честички пепел или прав, на месечевата светлина ѝ даваат бледа, сенишна нијанса, која нам ни изгледа сина.

Ова е навистина редок и непредвидлив настан. Во 1883 година, ерупцијата на вулканот Кракатау ѝ даде на Месечината синкава нијанса која траеше речиси две години.

Сепак, кога се случуваат ретки настани од ваков тип, како што е појавата на Сината месечина која допрва треба да се случи, можеби не треба премногу да се размислува за специфичниот карактер на дефинициите и фазите. Наместо тоа, да се фокусираме на убавината на небесното тело, и да се сетиме на фактот дека пред 46 години, овој месец, Нил Армстронг и Едвин Баз Олдрин станаа првите луѓе кои стапнаа на месечината.

Извор:www.theguardian.com

 

ОкоБоли главаВицФото