Илинден, една друга вистина!

03.08.2015 01:59
Илинден, една друга вистина!

Јас мислам дека народот кој по седумдесет години државотворна традиција не е во состојба да се крене во одбрана на минимумот достоинство и права против четиричлената банда чипирани идиоти, не бил во состојба да се крене против цела една империја пред 122 години кога имал десет класа средна школа збирно за целата популација!

Бугарите не го кренале таканареченото Илинденско-преображенско востание, кое во отоманските архиви е забележано како една од ѓурултиите во царството на почетокот на новиот век, за да ја ослободат Македонија од турското ропство, затоа што знаеле дека тоа во тоа време сè уште не било можно. Но, имале на ум две или три други цели: прво, да се испровоцира Портата на вообичаените поствостанички ѕверства со идеја дека тоа дополнително ќе ја дискредитира во очите на Европа, второ, да се препорача пред големите сили по линија на неспособноста на Османлиското царство во својата агонија да обезбедува квалитетна контрола и управа, како и по линијата на своите верски, образовни и етнички присуства и, трето, да ги нагласи внатрешните слабости и општите декапацитирања што ќе ги предизвика планираниот неуспех на востанието. Сето тоа со одредена дистанца на официјална Софија, која поради позицијата на големите сили утврдена уште во ревизијата на Сан Стефано, сè уште се плашела од директна интервенција во Македонија!

Првите знаци на политичката артикулација на тоа што подоцна ќе се оформи како македонски народ ќе се јават дури по десетина и повеќе години и тогаш ќе бидат сосечени во корен од страна на вмро, но не ја исклучувам и таа антиципативна нотка во бугарскиот перформанс! Илинденската епопеја е важна станица на вмровската борба против слободата на Македонија, на Македонија каква што ние ја разбираме седумдесет години, работа што, како што гледаме се довршува деновиве!

Извор: Фејсбук профилот на авторот
Слика: Александар Ковачевски

ОкоБоли главаВицФото