Смртта на универзумот

03.08.15 11:46

„Смртта“, пишува Рилке во едно писмо од 1923, „е наш пријател токму затоа што нè внесува во апсолутно и страсно присуство со сè што е овде, тоа е природно, тоа е љубов.“ Славниот поет мoжеби бил таен астрофизичар, затоа што неговите бесмртни зборови ја содржат поетиката на раѓањето на универзумот, неговата евентуална смрт и загадочната мистерија на космичкиот трепет помеѓу тие две нешта.

Таа поетична и фасцинантна наука е она што јужноафриканскиот космолог и член на ТЕД, Рене Хложек, го истражува во овој извонреден анимиран краток филм на TED-Ed:

Да не заборавиме, „размислувањето за смртта го разјаснува животот“ - она што е вистинито на лично рамниште се чини исто толку вистинито на космичко рамниште.

Извор: Brainpickings

ОкоБоли главаВицФото