Ние ќе ги стиснеме тупаниците за да ви ги смачкаме главите!

03.08.2015 21:32
Ние ќе ги стиснеме тупаниците за да ви ги смачкаме главите!

Тупаници!

Крајно време е да го исполниме последниот македонски манифест. Време е стиснатата тупаница да ја замениме со раширени раце, неодговорното однесување да го замениме со неопходната одговорност, а меѓусебните обвинувања да ги замениме со враќање на довербата. Довербата е потреба на поединецот, таа е врзивно ткиво на општеството. Поединецот без доверба се изолира, а општество составено од изолирани поединци се распаѓа - рекол Иванов.

Не, господине претседателе, вие можете да ја отворите вашата тупаница ако сакате да нè фатите за курот, или ако сакате да си ги држите свеќите на сопствените погреби, а ние нашите ќе ги стиснеме за да ви ги смачкаме главите, за да ја вратиме довербата на поединецот и да го залепиме испокинатито врзивно ткиво на општеството, за да ги интегрираме изолираните поединци и да го спасиме општеството што се распаѓа! За да ја задржиме надежта дека во смачканите глави ќе ви се разбуди човечноста што ја немавте во тимбите додека ви беа цели!

Идиоту!

***

Пропадување на чумата!

Точно е дека ги подзаборавивме идеалите и резултатите на вториот Илинден, но идеалите на првиот ги живееме како кошмарна стварност! Јас се надевам дека македонската држава ќе успее да се заштити од чумата на вмрото како што пред 122 години тоа го стори турската!


Слобода за смртта!

Слободата во паролата "слобода или смрт" ја нагласува опасноста што го чека македонскиот народ ако не ја избере смртта. Илнден нè потсетува дека никогаш не сме грешеле во изборот, а ние, ние сме тука за да сведочиме дека вмровштината е прашање на став, а не на членство во смртоносната инсталација!


Успесите никој не може да ги негира!

Вршителот на должност премиер повторно беше во право: никој не може да ги негира успесите на првите илинденци и на последните вмровци, порача тој од пред вампирскиот споменик на Ченто!

На Македонија ѝ беа потребни цели педесет години за да се опорави од успехот на првите, а никој не знае колку ќе ѝ треба за да се опорави од успехот на вторите!

Кој е тој што овие успеси може да ги негира или минимизира!

***

Ние сме копилиња од вонбрачната врска меѓу славните јунаци и Македонија!

Слики: Свирачиња
Извор: Фејсбук, 01-03.08.15.