Грција бара од македонските туристи да ги вратат сите чинии, пешкири и пепелници од хотелите за да може да го врати долгот кон ММФ

04.08.2015 11:52
Грција бара од македонските туристи да ги вратат сите чинии, пешкири и пепелници од хотелите за да може да го врати долгот кон ММФ

Атина, 4 август 2015

Грција денес побара од сите македонски туристи кои последниве 30 години летувале во некој од грчките хотели да ги вратат сите украдени пешкири, чинии, пепелници и есцајг, за Грција да може да го сервисира својот долг кон ММФ.

Откако преговорите со ЕУ околу враќањето на грчкиот долг се најдоа во ќорсокак, грчката влада премина на планот Б и побара од сите македонски туристи да го вратат она што некогаш го однеле од Грција.

„Пресметавме дека Грција последниве 30 години, поради сите предмети изнесени од хотелите, е оштетена за 1,5 милијарди евра, што е точно колку една рата од долгот кон ММФ. Хотелиерите ни открија дека најмногу предмети земале македонските туристи. Секој што ќе врати чинија, пешкир, светилка, батерија од далечински управувач или слика од хотелската соба, ќе добие можност да ги задржи сапунчињата и тоалетната хартија кои ги земал од хотелот“, ветува грчкиот премиер Алексис Ципрас. „Кој ќе врати глава или рака од статуа, ќе добие и гратис летување во Паралија за него и неговото семејство“, додава грчкиот премиер.

Тој објаснува дека пресметките покажале дека Грција не би должела ништо доколку македонските туристи веќе со децении не си носат храна од дома.

„Ако македонските туристи купуваа паштети, конзервирано овошје, домати и друга храна од грчките продавници, наместо да си носат од дома, Грција не само што би можела да го отплати целиот долг од 300 милијарди евра, туку денес би биле една од најсилните европски економии“, заклучува Ципрас.

Извор: www.njuz.net