Манифест на уметникот

07.08.2015 13:55
Манифест на уметникот

Правила врзани за животот на уметникот

-Уметникот не смее да се лаже себеси и другите
-Уметникот не смее да краде идеи од други уметници
-Уметникот не смее да прави компромиси поради себе и поради уметничкиот пазар
-Уметникот не смее да убие друго човечко суштество
-Уметникот не смее да создаде идол од себе
-Уметникот не смее да создаде идол од себе
-Уметникот не смее да создаде идол од себе

Правила за љубовниот живот на уметникот

-Уметникот мора да го избегне заљубувањето во друг уметник
-Уметникот мора да го избегне заљубувањето во друг уметник
-Уметникот мора да го избегне заљубувањето во друг уметник

Правила за односот на уметникот кон еротиката

-Уметникот треба да развие еротски поглед на светот
-Уметникот треба да биде еротичен
-Уметникот треба да биде еротичен
-Уметникот треба да биде еротичен

Правила за односот на уметникот кон страдањето

-Уметникот треба да страда
-Од страдањето доаѓаат најдобрите дела
-Страдањето донесува трансформација
-Преку страдањето уметникот го надминува својот дух
-Преку страдањето уметникот го надминува својот дух
-Преку страдањето уметникот го надминува својот дух

Правила за односот на уметникот кон депресијата

-Уметникот не смее да биде депресивен
-Депресијата е болест од која треба да се лечи
-Депресијата не е продуктивна за уметникот
-Депресијата не е продуктивна за уметникот
-Депресијата не е продуктивна за уметникот

Правила за односот на уметникот кон самоубиството

-Самоубиството е злосторство против животот
-Уметникот не смее да изврши самоубиство
-Уметникот не смее да изврши самоубиство
-Уметникот не смее да изврши самоубиство

Правила за односот на уметникот кон инспирацијата

-Уметникот треба да се загледа длабоко во себе за инспирација
-Колку подлабоко гледа во себе, толку поуниверзален ќе биде
-Уметникот е универзум
-Уметникот е универзум
-Уметникот е универзум

Правила за односот на уметникот кон самоконтролата

-Уметникот не смее да има самоконтрола во врска со својот живот
-Уметникот мора да има целосна самоконтрола во врска со своето дело
-Уметникот мора да има целосна самоконтрола во врска со своето дело
-Уметникот мора да има целосна самоконтрола во врска со своето дело

Правила за односот на уметникот кон транспарентноста

-Уметникот треба да дава и прима во исто време
-Транспарентноста значи пресретливост
-Транспарентноста значи да се дава
-Транспарентноста значи да се прима
-Транспарентноста значи пресретливост
-Транспарентноста значи да се дава
-Транспарентноста значи да се прима
-Транспарентноста значи пресретливост
-Транспарентноста значи да се дава
-Транспарентноста значи да се прима

Правила за односот на уметникот кон симболите

-Уметникот создава сопствени симболи
-Симболите се јазик на уметникот
-Јазикот, затоа, мора да биде преведен
-Понекогаш е тешко да се најде клуч
-Понекогаш е тешко да се најде клуч
-Понекогаш е тешко да се најде клуч

Правила за односот на уметникот кон тишината

-Уметникот мора да ја разбере тишината
-Уметникот мора да изгради простор за тишина во своето дело
-Тишината е како остров среде немирен океан
-Тишината е како остров среде немирен океан
-Тишината е како остров среде немирен океан

Правила за односот на уметникот кон самотијата

-Уметникот мора да издвои време за големи периоди самотија
-Самотијата е многу важна
-Далеку од дома
-Далеку од студиото
-Далеку од семејството
-Далеку од пријателите
-Уметникот треба долго да остане покрај водопадите
-Уметникот треба долго да остане покрај активните вулкани
-Уметникот треба долго да остане загледан во немирната река
-Уметникот треба долго да остане загледан во ѕведите на ноќното небо

Правила за односот на уметникот кон работата

-Уметникот треба да избегне секојдневно одење во студио
-Уметникот не смее да има работен план како вработен во банка
-Уметникот треба да се занимава со животот и работата само кога ќе му дојде идеја во сон или во дневната визија која се јавува како изненадување
-Уметникот не смее да се повторува
-Уметникот не смее премногу да произведува
-Уметникот мора да го избегне загадувањето на својата уметност
-Уметникот мора да го избегне загадувањето на својата уметност
-Уметникот мора да го избегне загадувањето на својата уметност

Правила за поседувањето на уметникот

-Будистичките монаси нè советуваат дека е најдобро да поседуваме 9 работи:

Едни алишта за лето
Едни алишта за зима
Еден пар чевли
Една чинија за носење храна
Една мрежа против комарци
Една книга со молитви
Еден чадор
Една черга за спиење
Еден пар очила, ако се потребни

-Уметникот мора да одлучи кој е минимумот посед кој му е неопходен
-Уметникот мора да има сè повеќе и повеќе, помалку и помалку
-Уметникот мора да има сè повеќе и повеќе, помалку и помалку
-Уметникот мора да има сè повеќе и повеќе, помалку и помалку

Правила за пријателите на уметникот

-Уметникот треба да има пријатели кои го подигнуваат неговиот дух
-Уметникот треба да има пријатели кои го подигнуваат неговиот дух
-Уметникот треба да има пријатели кои го подигнуваат неговиот дух

Правила за непријателите на уметникот

-Непријателите се многу важни
-Далај Лама рекол дека е лесно да се сочувствува со пријателите, но многу е потешко да се сочувствува со непријателите
-Уметникот мора да научи да простува
-Уметникот мора да научи да простува
-Уметникот мора да научи да простува

Правила за сценарио за смртта на уметникот

-Уметникот мора да биде свесен за сопствената смртност
-За уметникот не е важно само како го живее својот живот, туку и како умира
-Уметникот мора да ги набљудува симболите на своето дело како знаци за различно сценарио за смрт
-Уметникот мора свесно да умре без страв
-Уметникот мора свесно да умре без страв
-Уметникот мора свесно да умре без страв

Правила за сценарио за погребот на уметникот

-Уметникот треба да даде инструкции пред својот погреб за сè да се одвива како што сака тој
-Погребот е последното дело на уметникот пред да замине
-Погребот е последното дело на уметникот пред да замине
-Погребот е последното дело на уметникот пред да замине

Извор: Rebel Society

ОкоБоли главаВицФото