Романски град им обезбедува бесплатен јавен превоз на луѓето што читаат во автобус

19.08.2015 02:02
Романски град им обезбедува бесплатен јавен превоз на луѓето што читаат во автобус

Од јуни оваа година секој што чита книга додека се вози со некој од градските автобуси во романскиот град Клуж добива бесплатен превоз. Оваа идеја ја предложил жител на градот, чија цел била да ги охрабри луѓето да читаат кога користат јавен превоз.

Пред една година, Виктор Мирон му предложил на градоначалникот да не им се наплаќа на патниците кои читаат книга. Покрај оваа активност, Мирон заедно со своите пријатели спровел и други кампањи со цел да ги поттикне луѓето повеќе да читаат.

На пример, луѓето кои на својата профилна слика Фејсбук имаат фотографија со книга, добиваат попусти од разни места, од продавници за книги до фризерски салони, па дури и за заболекар. На 23 април, на Денот на книгата, луѓето кои со себе носеле книга можеле бесплатно да ја посетат градската ботаничка градина.

Извор: Boredpanda/Радио МОФ

ОкоБоли главаВицФото