Здружението на атеисти во Аеродром ќе гради 80-метарско ништо

20.08.2015 00:58
Здружението на атеисти во Аеродром ќе гради 80-метарско ништо

Скопје, 20 август 2015

Македонското здружение на атеисти во еден од парковите во населбата Аеродром ќе подгине 80-метарско ништо, по примерот на останатите светски здруженија на атеисти, кои веќе имаат слични споменици во многу градови ширум светот.

Ништото, кое ќе биде високо околу 80 метри и нема да може да се види од ниту еден дел на Скопје, ќе биде подигнато на 5 ноември, Светскиот ден на ништото, изјави претседателот на ова здружение, Златко Илиев.

„Идејата настана уште пред многу години, но поради слабата финансиска состојба и лошата инфрастурктура на организацијата, не успеавме да ја реализираме сè до сега. Се надеваме дека ова големо ништо ќе придонесе за подобра видливост, како и подобар третман на атеистите во Македонија“, нагласи тој.

Експертите сметаат дека ништото од 80 метри на такво место би можело да биде трн во око на верските организации во Македонија, затоа што ќе биде поголемо и поупадливо од верските градби во Скопје.

„Иако ова џиновско ништо во извесна мера ќе биде симбол на она во што атеистите веруваат дека се случува по смртта, сепак мислам дека проектот е мегаломански. Сето тоа би можело да се постигне и со помало ништо, кое можеби би било помал симбол, но сепак симбол“, вели директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозните групи, Валентина Божиновска.

Како што неофицијално дознаваме, освен тоа што ќе биде високо 80 метри, ништото ќе има пречник од 20 метри и ќе биде поставено во близина на неколкуте помали цркви во населбата Аеродром.

Извор: www.njuz.net