Груевски: Имаме пораст на странски туристи, по 2.500 дневно чекаат да влезат во Македонија

22.08.2015 12:44
Груевски: Имаме пораст на странски туристи, по 2.500 дневно чекаат да влезат во Македонија

Скопје, 22 август 2015

Во првите пет месеци од годинава забележан е раст на бројот на туристи од 6,5 проценти, при што се бележат 11,6 отсто раст на странските и пад од 2,9 проценти на домашните туристи. Растот никако не се должи на субвенциите кои Македонија ги дава за увоз на туристи, туку, сметаат експертите, главна причина е отворањето на скопскиот бесплатен Дизниленд. Интересот толку е зголемен што Македонија е приморана да ја затвори границата кон Грција и да пушта само контролирано одреден број на странски туристи за да не ни завидуваат во ЕУ.

– Некој ни има пуштено муабет дека панорамското тркало е веќе во употреба, сè со цел да нагрнат повеќе туристи одошто можеме да примиме. Полицијата и армијата сега мора со солзавец да бркаат странски туристи. Затоа и сите спектакуларни туристички атракции од Скопје 2014 не ги правиме одеднаш, туку дел по дел, зашто се плашиме дека ќе мораме да градиме туристички кампови за да ги примиме сите странци што сакаат да го посетат Скопје – вели премиерот Никола Груевски.

Тој додава дека за влез во Македонија се тепаат по 2.500 илјади туристи дневно, главно од Блискиот Исток, каде штo веста за Панорамското тркало ги воодушеви луѓето и тие пеш тргнаа кон нашата граница.

Извор: kozanostra.net