Мигрантите во очај минуваат низ заборавен тунел на Алпите

24.08.2015 12:38
Мигрантите во очај минуваат низ заборавен тунел на Алпите

Данската фотографка Софи Амали Клугарт во нејзината серија фотографија „Преместување планина“ ги забележува обидите на мигрантите да преминат од Италија во Франција преку еден заборавен тунел на Алпите.

„Постои тунел во планината кој го користат мигрантите што се обидуваат да ја преминат италијанско-француската граница. Но, не стигнуваат далеку. На секоја страна од тунелот ги дочекува полиција. Помеѓу многуте неуспешни обиди за преминување на границата, мигрантите чекаат во привремените кампови на карпите на италијанскиот приморски град Вентимилја“, пишува Клугарт.

Низа европски земји, како и Македонија и земјите во регионот, изминативе месеци се полни со голем број мигранти кои бегаат од војната и лошите услови за живот, но не наидуваат на добар прием на територијата на Европа. Со својата серија фотографии, Софи Амали Клугарт се обидува да го привлече вниманието на јавноста врз оваа хуманитарна катастрофа.

Помеѓу обидите за преминување на границата, мигрантите мораат да чекаат во италијанскиот град Вентимилја. 

Вентимилја, град во близина на француската ривиера, е популарно летно одморалиште. Мигрантите поставија привремени шатори на карпите во близина на градот.

Јемане (16) од Еритреја. Граничната полиција ги чека мигрантите на двете страни од тунелот.

Мигрант спие на улица во Вентимилја.

Бројот на мигранти кои влегле во ЕУ надмина 100.000 во јули 2015, што е рекорден број во еден месец. Многумина бегаат од многу полоши услови за живот отколку што е спиењето на улица.

Многу мигранти стигнуваат со воз во Вентимилја, откако го преживеале опасното патување со брод до Лампедуза.

Мохамед (21) е од Судан, а многу мигранти доаѓаат и од Сомалија, Еритреја и Брегот на слоновата коска.

Шишање на пријателот на утринско сонце.

Рачно испрана облека ставена да се суши.

Мохамед (16) од Судан, на вториот ден од кампувањето.

Сак Адам (21) од Камерун го чека залезот за да заврши со рамазанскиот пост.

Локалното население им донира облека на мигрантите.

Група момчиња чита пред спиење.

Извор: pogledaj.to

ОкоБоли главаВицФото