Македонците ја затворија границата за да не им ги украдат спомениците

25.08.2015 01:46
Македонците ја затворија границата за да не им ги украдат спомениците

Скопје, 25 август 2015

Македонските гранични полицајци изминативе неколку дена спречија илјадници бегалци да влезат во земјата и да им ги украдат новите антички споменици, пренесуваат локалните македонски медиуми.

Според информациите на Пара вести, границата во моментов е затворена и античките споменици, од кои некои се стари и неколку месеци, сега се заштитени од масата бегалци која имала намера да помине низ оваа земја која се смета за колевка на цивилизацијата.

Според зборовите на претставници од владејачката коалиција, бегалците итаат кон Македонија затоа што спомениците во нивните матични земји ги уништила Исламската држава.

„Дури и на необјективните набљудувачи им е јасно која е целта на сите тие десетици илјади бегалци кои имаат намера да поминат низ Македонија - земање на највредното што Македонија го има, а тоа се спомениците од времето на ВМРО-ДПМНЕ. Не сакаме и нашите споменици по поминувањето на бегалците да изгледаат како грчките, без раце, нозе и глави. Можеби не изгледа така на прв поглед, но децата се најопасни - што знае дете што е современа антика. А некои од тие споменици се изградени и пред да се родат тие деца“, вели премиерот на Македонија, Никола Груевски.

Експертите се согласуваат дека Македонија е принудена на ваков потег, за да не остане без својот културен и национален идентитет.

„Бегалците кои минуваат низ Македонија не можат да им ги земат работните места на граѓаните од Македонија. Единствено што можат да им земат се непроценливите споменици на културата, чија изградба и поставување чинеше речиси половина милијарда евра“, тврди Валентина Стефановска, кустос на град Скопје.

Неофицијалните сознанија говорат дека полицајците за секој случај направиле кордон околу споменикот на неименуваниот Воин на коњ, за кој се смета дека е главна цел на бегалците.

Извор: www.njuz.net