Песна од Босна

31.08.2015 17:18

Додека себе виски си сипате,
лебарки газите, во сатот гледате,
додека прстите по краватата ви пребираат,
луѓето умираат.

Во градовите со смешни имиња,
со куршуми погодени, среде пламен и тиња,
причини за крвавата бања без да знаат,
луѓето умираат.

Во мали места сосема вон главните струи,
но можеби големи заради тие статуи
што простум неми врисоци собираат,
луѓето умираат.

Луѓето умираат додека вие избирате
нови апостоли ветви приказни собирате,
воздржаност итн. - хирот сумира
додека човекот умира.

Предалеку е за да биде сакан во тој мрак
тој ваш сосед/Словен, брат,
таму каде што и ангелите главите ги понираат,
луѓето умираат.

Додека статуите ги фаќа хистеријата,
Каиновата верзија, историјата,
како гориво во хартија да збира
го зема човекот што умира.

Додека гледате спортски резултати
и изјави дадени безброј пати,
додека на своето дете му пеете со лира,
таму човекот умира.

Времето, чие остро перо за крв жедно
жртвите и убијците ги раздвојува да не бидат едно,
ќе го прогласи за следно племе
вашето племе, вашето семе.

Препев: П. В.

Јосиф Александрович Бродски (руски: Иосиф Александрович Бродский; 24 мај 1940 – 26 јануари 1996 ), руски поет и есеист, добитник на Нобеловата награда за литература во 1987 година, венцоносец на Струшките вечери на поезијата четири години подоцна и Поет лауреат на САД во 1991 и 1992 година. Се смета за еден од најголемите поети на дваесеттиот век.

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото