Македонија ќе ги вработи 30-те илјади административци што ќе ги отпушти Србија

01.09.2015 00:11
Македонија ќе ги вработи 30-те илјади административци што ќе ги отпушти Србија

Скопје, 1 септември 2015

Србија, до крајот на годината, во јавните служби би требалo да има околу 30.000 помалку вработени како резултат на двeгодишната рационализација, соопшти српската министерка за државна управа и локална самоуправа Кори Удовички. Македонија веднаш најави дека нема да седи со скрстени раце, туку ќе ги вработи сите отпуштени 30.000 чиновници преку проектот „Македонија вработува“.

„До крајот на оваа година ќе имаме околу 30.000 помалку вработени во државната служба. Значи, помалку од оние кои работат во областа на културата, образованието, здравството, во она што се нарекува држава, а не јавни претпријатија“, објасни Удовички за РТС.

Економските аналитичари сметаат дека тоа се нормални текови во две економии кои се развиваат со различно темпо.

„Нормално е македонската економија, како побрзорастечка, да го апсорбира вишокот на работна сила во околните земји. Може наскоро колони административци од Балканот да се упатат кон Македонија. Интересно е што во нашата земја недостиг на работна сила се јавува исклучиво во јавниот сектор“, смета академик Тања Каракамишева.

За разлика од овдешната „Македонија вработува“, локалните управи ширум Србија ќе добијат од Министерството квоти со максимален број вработени кои можат да ги имаат, а за отпремнини во буџетот се обезбедени околу 42 милиони евра.

Извор: kozanostra.net