Шаховска градина

01.09.15 02:09

Шаховскиот сет MicroPlanter е прекрасен проект на дизајнерското студио XYZ Workshop, во кој преку 3-D печатење се создаваат малечки шаховски фигури кои служат како мини-саксии за садење растенија. Љубителите на оваа игра можат на тој начин да го одредат ликот на своите шаховски фигури, избирајќи ги растенијата што ќе ги засадат.

Дизајнерите на својата веб страница овозможија бесплатно преземање на дизајнот, па заинтересираните шахисти можат и самите да ги испечатат необичните фигури.

Извор: www.xyzworkshop.com

ОкоБоли главаВицФото