Човечност

02.09.2015 17:51

А еден благ летен ден, високо меѓу карпестите врвови на Бен Вењу, обраснати со врес, пронајдовме мала јама, полна со совршено мазен недопрен снег, и извикувајќи „Види како е прекрасен и бел снегов!", скокнавме среде него и го испогазивме со нашите големи чизми.

Превод: П. В.

Елистер Греј (Alasdair Gray, 1934), шкотски писател и уметник. Најпознато дело му е дебитантскиот роман Lanark, објавен 1981 година, по речиси 30 години создавање! Неговиот роман Poor Things (1992) добил некои од најважните британски книжевни награди.

Делата на Греј ги комбинираат реализмот, фантазијата и научната фантастика, како и вештото користење на типографијата и на сопствените илустрации. Греј пишувал и политички текстови - како заговорник на социјализмот и на независна Шкотска.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото