Нека боговите

03.09.2015 14:26

Нека боговите
Од мене назад ја земат
Својата висока и тајно искована волја,
Нека ги земат славата, љубовта, богатството.

Сè што барам
Е да ја остават
Мојата луцидна и возвишена свест
За луѓето и нештата.

Љубовта и славата
Не ми се важни.
Богатството е метал, славата ехо,
љубовта само сенка.

Но точната
Сосредоточеност
Подарена на нештата и на особините
на предметите, сигурно е уточиште.

Нејзините темели
Ја создаваат целината на светот,
Нејзината љубов е мирот на Универзумот,
Нејзино богатство е живеењето.

Нејзината слава е
Во ретката извесност
На возвишеното и чисто поседување
На обликовноста на предметите.

Сите други нешта минуваат
И стравуваат пред смртта,
Но чистата и бескорисна визија на Универзумот
Не стравува и не страда од ништо.

Таа е самодоволна.
Не посакува ништо
Освен гордоста секогаш да гледа јасно
Сè додека ѝ е дадено да гледа.

Препев: П. В.

За Песоа

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото